Забрзајте го метаболизмот на природен начин: 5 напивки поради кои ќе губите килограми дури и кога спиете!

Дознајте повеќе!

Една шолја од оваа напивка обезбедува подобар сон и го олеснува губењето килограми

Добриот сон секогаш е потребен за утредента да се чувствувате опуштено и расположено. Покрај тоа, неговиот недостиг е поврзан со дебелеењето – кога сме уморни, брзината на метаболизмот опаѓа во обид да му заштеди на телото што повеќе енергија, додека нивото на инсулин нагло расте, што доведува до глад. Па, ако сакате да ослабите, важно е да водите сметка за квалитетот на сонот.

Напивките што ви ги предлагаме не само што ќе ви обезбедат подобар сон, туку и ќе ви помогнат во напорите да изгубите килограми.

Млеко

Ако сакате да спиете како бебе, можеби ќе треба да ги следите бебешките навики за исхрана. Шолја врело или ладно млеко непосредно пред спиење ќе ве опушти и ќе ви помогне да одморите, благодарение на калциумот и триптофанот што ги содржи. На овој начин, постои поголема веројатност дека ќе уживате во осумчасовен сон, што за возврат ќе направи следниот ден да се чувствувате помалку гладни, и така ќе ви помогне верно да го следите вашиот режим на исхрана. Всушност, ако вежбате, протеините од млекото се неопходни за вашиот мускулен систем.

Камилица

Не содржи кофеин, додека го подигнува нивото на глицин во телото, невротрансмитер што дејствува смирувачко и поради тоа ве смирува и опушта. Покрај тоа, истражувањата откриле дека камилицата ја подобрува контролата на глукоза во крвта, што е неопходно ако сакате да ослабите.

Сок од грозје

Мала чаша од 100 отсто сок од грозје пред спиење ќе ви помогне да согорите маснотиите за време на сонот. Едно истражување покажало дека едноставните јаглехидрати што ги содржи ја мобилизираат секрецијата на инсулин, со што се урамнотежува вашиот биолошки часовник, на тој начин регулирајќи го правилното функционирање на метаболизмот. И не само тоа: грозјето е богато со антиоксиданси кои ги претвораат белите маснотии (оние што ги складира телото) во кафеави маснотии (оние што телото ги користи како енергија за своите потреби).

Соино млеко

Многу е богато со триптофан, аминокиселина што го намалува нивото на кортизол во крвта, на тој начин помагајќи го согорвувањето на маснотиите, наместо да ги складира. Дури и ако вашиот метаболизам се забави за време на спиењети, тој и понатаму го обработува протеинот што го добивате со пиење соино млеко, кој има слично дејство како мелатонинот – хормон што ве носи во длабок сон.

Кефир

Оваа ферментирана млечна напивка богата со пробиотици ги зголемува добрите бактерии во цревната флора, го помага варењето и апсорпцијата на витамини и минерали. Покрај тоа, го подобрува квалитетот на спиењето и вашите перформанси во вежбалница следниот ден.

Гастроентерологот Марвин Синг секое утро го пие ова и тврди: Оваа напивка има благотворно дејство на целиот организам!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.