Стариот автобус го претвориле во куќичка од соништата: Сега сите му се восхитуваат на нивниот дом! (ВИДЕО)

Во домот на четири тркала живеат со нивните две деца

Кога ќе видите како е опремен, ќе посакате и вие да сте на нивно место

Брачен пар од Англија одлучил да купи стар автобус и да го претвори во место за живеење. Тие успеале потполно да го приспособат ентериерот на автобусот, а сега сите му се восхитуваат на нивниот дом.

На овој проект вредно работеле неколку месеци, а сите нивни пријатели биле вклучени во реконструкцијата на стариот училиштен автобус. Сето тоа започнало од големата желба да го пропатуваат поголемиот дел од светот и да видат прекрасни предели. За да не плаќаат за хотели, решиле да направат подвижна куќа.

Сите што го виделе овој мал рај за уживање прокоментирале дека изгледа подобро од повеќето куќи. На патувањата одат со нивните две деца, а друштво им прави и едно куче.

Максимално го искористиле секој агол од стариот училиштен автобус, па така имаат сè што им треба за живот. Имаат дневна соба, спална, кујна, бања, но и простор за дружење.

Овој пар е доказ дека со добра организација, сè може убаво да се уреди и дека не ни треба куќа од 200 квадрата за удобен живот.

Во следново видео, погледнете како изгледа нивниот дом на 4 тркала…

Живее во 8 квадрата: Кога ќе ја отвори вратата од својот стан, сите се шокираат! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.