Стомакот како мини-мозок: Не можете без слатко?

Антикадида-програма на Цвета Динева

Фото: Getty Images

А можеби воопшто и не е до вас! Прекумерниот внес на шеќери би можело да се должи на микроорганизмите во нашите црева кои управуваат со нашите потреби.

Одамна знаеме дека зад стомачните мускули се наѓа цел еден систем одговорен за варењето на храната што ја внесуваме и исфрлањето на отпадот од неа. Но, неодамна открив дека нашиот стомак има многу посложена функција и, покрај приказната со инсулинот, овој систем дејствува како т.н. мини-мозок, преку кој и самиот влијае на нашиот апетит и расположение.

Научните истражувања (BioEsseays, Vol.36, 10/14 стр. 940-949) сугерираат дека микроорганизмите во стомакот би можеле да се одговорни за неконтролираната потреба на поединечни видови храна, како слатките на пример. Како? Љубители на науката на практичен начин, подгответе се за неверојатно сознание!

Стомакот како мини-мозок

Стомакот продуцира голем број хормони, а содржи и голем број невротрансмитери („пренесувачи на пораки“) исти како оние мозокот. Во ѕидовите на цревата исто така се лоцирани голем број неврони (клетки кои примаат, процесуираат и пренесуваат информации преку електрични и хемиски сигнали) кои го градат т.н. ентеричен нервен систем.

Всушност, вакви неврони има повеќе во цревата отколку во целиот ‘рбетен мозок!!! Ентеричниот нервен систем комуницира дирекно со нашиот мозок, и тој со стомакот, преку мозочно-цревната оска. Се верува дека токму оваа оска е вклчена во многу вообичаени функции и системи во здравото тело, вклучувајќи го регулирањето на исхраната, но какви се пораки патуваат низ неа и кој ги испраќа?

Комуникацијата на стомакот со мозокот

Кога јадеме оброк, и храната пристигнува во желудникот, се излачуваат одредени цревни хормони кои активираат сигнални патишта од цревата до мозочното стебло и хипоталамусот за да тој излачи хормон што ја стопира потребата за внес на храна, односно да го потисне апетитот.

Еден конкретен нерв се смета за најодговорен во целиот систем на комуникација помеѓу стомакот и мозокот, а истражувањата покажаа дека неговата блокада води до губењето килограми, додека нековата стимулација води до прејадување.

А токму ова нас не води до нашата тема, односно како и кој ја регулира претераната потреба од конкретни видови храна. Дали само ни се допаѓа да јадеме сладолед и зошто некому сладоледот и слатките му се допаѓаат повеќе?

Научниците веќе го напуштија толкувањето дека чувството за потреба од конкретни намирници е сигнал за реална потреба на организмот од истата. Напротив, голем број истражувања сугерираат дека некотролираната потреба од специфични типови нутриенти, како шеќерот, би можела да биде управувана од микроорганизмите кои живеат во нашиот стомак и црева, а токму тие нутритиенти се нивната основна храна.

Микроорганизмите во нашиот стомак

Неверојатно комплексен микробиолошки систем со огромен број микроорганизми, а се верува дека просечен човек има околу 1.5 кг бактерии во стомакот, на кои се додава и присуството на габи, како кандида итн.

Истражувањата покажаа индиректна поврзаност помеѓу желбата за слатки и составот на цревните микроорганизми кај поединците. Имено микробните метаболити во урината на „љубителите на чоколадо“ се разликувале од оние „рамнодушните“ и покрај фактот што биле обврзани на ист начин на исхрана.

А и повеќе од тоа, расположението на поединците се менувало само со додаток на пробиотици во исхраната…

Односно, науката тврди дека микроорганизмите и преку влијание на расположението настојуваат да внесеме храна која би била во нивна корист, во прв ред, шеќери.

Да скратиме, микробите во нашиот стомак можат да манипулираат со нашите потреби за храна и тоа со две стратегии: генерирање на потреба за храна што ги потиснува нивните конкуренти, или индуцирање на чувство на незадоволство, нерасположение, додека не јадеме храна која ја подобрува нивната способност, а со тоа и индуцирање на расположение.

Да! Толку е софистицирано, тврдат научниците.

Решение за проблемот

Иако постојат бројни научни трудови и западна литература со решенија за проблемот во кој микроорганизмите во нашиот стомак се виновниците за проблемот со вишокот килограми (The Prime, The Gut Balance Revolution), комплетното решение не е така едноставно.

Имено, постојат бројни предизвици за да можеат да се применат сознанијата за микроорганизмите во стомакот во практична смисла. Но, постои причина да се надеваме. Сега постои силен интерес за искористување на пребиотиците и пробиотиците за да ја смениме состојбата со микроорганизмите во цревата.

Пребиотиците се несварливи јагленохидрати кои го поттикнуваат растот на корисни бактерии, додека пробиотиците се корисни микроорганизми кои ги внесуваме преку храната и додатоците во исхраната. Што повеќе добри бактерии во стомакот, толку помалку потреба за шеќер и процесуирана храна сугерира науката…

Домашна експертиза?

Пред да преминам во моја интерпретација на целата приказна, која ја читавте погоре, морам да кажам дека се обратив во една наша почитувана лабораторија за да побарам изјава од микробилог кој би ни објаснил кога бактериите во стомакот и кандидата стануваат наши „непријатели“, но добив одговор дека почитуваните микробиолози, не одговараат на такви прашања…

Какви прашања? Да скратам и парафразирам, одговараат само на прашања за кои се дискутира на конгреси, такви би биле и новинарски достојните за нив прашања. Не е проблем да ги поставам, но не ги интересираат нашите читателки, освен ако меѓу читателките има уште некој почитуван микробиолог кому му се извинувам доколку побарал научен труд во нашиот магазин.

Затоа, во рамките на оваа тема, ја цитирав западната научна и популарна литература, за да анализираме дали микроорганизмите вклучувајќи ја и кандидата би можела да биде одговорни за неконтролираната потреба за слатки, бидејќи „лошите“ бактерии и габата кандида се хранат со шеќери.

Сепак, успеав да ви обезбедам стручни совети кои можеби би го спречиле проблемот со прекумерната потреба од слатка храна, нашата нутриционстка Цвета Динева преку личното искуство за спречување на ширењето на кандидата во организмот го нуди нејзиниот анти-кандида програм, кој вреди да се испроба!

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.