Пијте ја оваа напивка еден месец наместо вода: Ќе го регулирате холестеролот, а од вишокот килограми нема да има ни трага!

Природно слабеење

Оваа напивка е пресудна за согорување масни наслаги

Губењето килограми обично е поврзано со интензивно вежбање и диети, меѓутоа нутриционистите се сигурни дека доколку ја замените водата со оваа напивка одреден временски период, ќе можете да согорите значаен број калории.

Хидратацијата е од исклучителна важност за добрата состојба на организмот, па и за процесот на слабеење. Ако наместо или покрај вода во менито додадете и зелен чај, килограмите буквално ќе почнат сами да исчезнуваат.

Познато е дека зелениот чај е одличен за слабеење, а исто така се смета и за една од најздравите напивки на светот.

Со неговото вклучување во исхраната, ќе го зголемите согорувањето на мастите и ќе почнете да губите килограми. Истражувањата покажуваат дека е ефикасен и за согорување маснотии од стомакот, а добро познато е и дека најтешко е да се симнат масните наслаги од овој предел.

Дејвид Вајнер, нутриционист, објаснил како зелениот чај влијае врз процесот на симнување килограми.

„За да ослабите и да ги согорите маснотиите, телото прво мора да го разгради салото и да го префрли во крвотокот. Соединенијата во зелениот чај можат да му помогнат на овој процес со зголемување на дејствата на некои хормони, кои согоруваат масти, како што е норепинефринот“.

Дејвид, исто така, објаснил дека зелениот чај е полн со антиоксиданси, за кои познато е дека му помагаат на телото во борбата со холестеролот, но и со вишокот килограми.

Неговата програма и план на исхрана содржат големи количини на зелен чај, а тој дури препорачува и водата целосно да се замени со зелен чај. Една од неговите клиентки (45), која го пробала овој метод, за еден месец изгубила дури 5 килограми, а покрај тоа, го регулирала и нивото на холестерол.

Дејвид наведува дека треба минимално да се редуцира исхраната, да се исфрли благото и соковите и да се пие многу зелен чај, за да го доведете телото во ред.

Чаша од оваа напивка на празен стомак ќе направи чуда за организмот: Го намалува холестеролот и крвниот притисок!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.