Стомакот како мини-мозок: Не можете без слатко?

Антикадида-програма на Цвета Динева

Фото: Getty Images

А можеби воопшто и не е до вас! Прекумерниот внес на шеќери би можело да се должи на микроорганизмите во нашите црева кои управуваат со нашите потреби.

Храна што ја храни и кандидата

– Храна полна со шеќер, како чоколади, колачи, торти, сладоледи итн., но и шеќер што се става како конзерванс во солени продукти, како кечап и слично.

– Употреба на прости јаглехидрати во форма на густи сокови, грицки од бело брашно, смоки, чипсови, грисинки, бејкролс итн.

– Употреба на квасец (лебови, печива, газирани напивки, пиво, друг алкохол), нитрити итн.

– Причина за експанзија на кандидата исто така многу често е и користењето антибиотици, кортико-терапија, контрацептивни пилули итн. Не сме свесни дека антибиотици внесуваме не само како терапија туку и кога јадеме месо, сувомесни производи, млеко и млечни производи (сирења, кашкавали и слично), бидејќи задолжително на стоката ѝ се даваат антибиотици уште при самото раѓање.

Антикандида-програма во првите три недели

Треба да се исклучат од исхрана сите горенаведени процесирани храни, но се исклучуваат и природните храни со висок гликемиски индекс и оние што прават мемла, како: суво овошје, јатки – ореви, бадеми, лешници итн., компир, бел ориз, храна со глутен-печива, пити, лебови итн.

Кај силни кандидијази исклучувам и слатки свежи овошја, како банана, портокал, круши, печурки и слично.

Како додатоци во исхраната предлагам: пробиотици, цинк и Ц-витамин, а пред спиење да се пие магнезиумхлорид во чаша вода.

За засилување на имунитетот предлагам да се пијат живи јајца од препелица, зелена пченична трева, хлорела, спирулина и слично. Задолжително предлагам 21 ден, наутро, на гладно, гаргара со: една мала лажичка сода бикарбона во чаша вода, а потоа да се жабурка една супена лажица маслиново масло најмалку 5 минути и, секако, да се исплука. На крајот да се исплакне устата со вода.

– По три недели ги враќам во исхраната овошјето, печурките и дел од јатките, оризот, компирот.

– Кај многумина кога ќе почнат со антикандида-програмата за здрава исхрана се јавуваат непријатни моменти на детоксикација. Кај две жени што имаа долгогодишна кандидијаза имаше многу непријатности во детоксикацијата, како силно повраќање неколку дена, кај други појачан вагинален секрет, а кај некои и избивање на силна кожна алергија.

Таквата состојба трае кратко – неколку дена, па почнува процесот на закрепнување.

АНТИКАНДИДА-ПРОГРАМА

Дневно мени

Ви откривам дел од здравото мени, кое им го препорачувам на членовите на „ЦД диет-клуб“ што се подложни на кандидијаза.

Појадок:

Смуди

Една супена лажица ленено масло, едно кисело јаболко, околу 150 г замрзнати вишни, 15 зрна аронија, еден филџан семки од тиква, сурови, 5 живи јајца од препелица, пола лажиче ѓумбир во прав, една супена лажица рогач.

Ужина 1:

Безглутенски лепчиња

1-2 парчиња со мачканица хумус или таан со сенф или меко авокадо со свежа салата со рукола и друг зеленчук.

Ручек:

Риба со прилог

Рибата добро е да е печена, а во прилогот – обарена брокула, блитва, на кои ќе им се додаде прелив од магдонос и лукче. Свежа салата со рукола и друг зеленчук, зачинето со цеден лимон, маслиново масло.

Ужина 2:

Таратур

Ацидофилно кисело млеко (или кисело млеко што ќе се изблендира со неколку чешниња лук и ќе отстои 2-3 часа за да се зголеми нивото на пробиотици). Освен краставичка, може да ставите рендана тиквичка, цвекло, морков, брокула. Додајте семки од тиква, ѓумбир, куркума, црн пипер.

Вечера:

Хелда

Во варената хелда додајте претходно сварен наут и семки од тиква, лукче и свежа салата.

Здрав десерт:

Бомбици

На мелени семки од тиква и сончоглед додајте кокосово масло, рогач (како засладувач), какао, кокос и сечкани суви вишни, гоџи-бобинки и слично. Извалкајте ги во кокос.

Текст: Јована Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.