По 40-та година, овие намирници се апсолутно забранети: Не сте ни свесни колку се опасни по здравјето!

Предупредување од нутриционист

Фото: Getty Images

Намирниците што ги внесуваме во организмот директно влијаат врз нашето здравје, па затоа внимателно одбирајте ја храната

Според нутриционистката Марија Малишева, по 40-та година луѓето би требало да се откажат од низа намирници ако сакаат да го сочуваат здравјето.

Таа потсетува дека по 35-та година метаболизмот драстично се забавува, а производството на колаген се намалува. Тоа е доба во која расте ризикот од појава на чир на желудникот, хипертензија, атеросклероза и кардиоваскуларни болести, како и многу други заболувања. Поради тоа, добро би требало да размислите за исхраната.

Покрај нашите вродени гени, секојдневната исхрана и начинот на живот исто така влијаат врз здравјето и врз брзината со која старее нашето тело. Овој процес несомнено е непријателот број еден за жените. Одбегнувајте ја оваа храна ако сакате да изгледате помладо и да бидете здрави што подолго…

Пржена храна

Во процесот на пржење на храната се емитуваат многу штетни материи. Овие супстанции не само што го зголемуваат ризикот од рака, туку и го забрзуваат процесот на стареење на клетките во телесните ткива.

Освен тоа, таа лесно доведува до прекумерна тежина и дебелеење. Вишокот масно ткиво може да влијае врз метаболизмот и хормоналните процеси, да ги оштети ткивата и да ја наруши работата на органите.

Сокови со многу шеќери

Истражување во Велика Британија покажало дека редовното консумирање шеќер не само што го зголемува обемот на струкот, туку предизвикува и прерано стареење. Еластичните влакна на кожата се разградуваат, се појавуваат брчки и флеки, што особено придонесуваат за предвремено стареење. Исхраната со висока содржина на шеќер може да ги забави и мозочните активности, да го оштети помнењето и да предизвика деменција.

Конзервирана храна

Иако е едноставна за употреба, во текот на преработката се користат многу штетни адитиви, соли и шеќери. Долготрајната употреба на конзервирана храна не само што е многу штетна за здравјето, туку и ја забрзува дегенерацијата и стареењето на сите ткива.

Производи од преработено месо

Преработените месни производи со висока содржина на сол ја оштетуваат слузокожата на желудникот, го зголемуваат оптоварувањето на бубрезите, крвниот притисок, им наштетуваат на сите органи во нашето тело и на крај, го забрзуваат процесот на стареење.

Правило број 1 во исхраната: Поради ова се дебелееме и го уништуваме имунитетот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.