Правило број 1 во исхраната: Поради ова се дебелееме и го уништуваме имунитетот!

Најголемите грешки

Здравјето и оптималната исхрана не е нешто што се решава за десет дена, туку станува збор за процес што трае цел живот

Кога станува збор за појадокот, односно комплетниот режим на исхрана, експертите тврдат дека со децении ништо се нема сменето.

„Сите истражувања што се прават, а се многу комплицирани, ги следат луѓето од раѓање, па со децении подоцна. Не постои медитеранска земја каде што не се појадува, а сите знаеме дека тоа е најдобриот тип на исхрана. И во нордиските земји како Данска и Шведска се појадува. Намирниците се разликуваат: во Италија првиот оброк е колаче и кафе, односно некаков јаглехидрат, во нордиските земји појадокот е димен лосос, менито се разликува, но треба да се придржувате до основното правило и да јадете два часа по будењето. Значи, можете и веднаш да појадувате, но најдоцна два часа по станувањето“, откриваат експертите.

Вечерата треба да биде најдоцна три часа пред да одите во кревет. Тоа не е само поради инсулинот, туку и поради тоа што полниот желудник и хоризонталата му прават проблеми на хранопроводот. Желудочните киселини се многу често, но за тоа не се води сметка.

Не треба да се вечера храна што долго се вари, како месо или кој било вид масно сирење. Вечерајте зеленчук, житарки, во мала количина. Не треба да јадете пет или шест оброци, но не треба ни само еден. Два се малку, пет се премногу, освен ако имате потхранетост или чир, ако сте на специјализирана исхрана.

„Воведете правило број 1: една шолја, едно парче, една длабока чинија. Не досипувајте во порцијата. Немојте да зборувате на телефон додека јадете, ќе голтате воздух“, велат експертите.

Честите промени на исхраната лошо влијаат врз здравите бактерии, односно микробиомот, а докторите сликовито го објаснуваат тоа:

„Ако јадам нормално, па потоа малку детокс, па јадам еднаш дневно, па ќе изедам килограм свински врат за еден ден… Она што луѓето не го разбираат е дека има 2,5 килограми бактерии во нашите црева. Тие го мразат тоа што го правите. И потоа, дисбиозата доведува до метаболички проблем, па проблем со имунитетот и со килограмите. Не смеете да го правите тоа“, заклучуваат докторите.

Познат нутриционист тврди: Ако сакате да ослабите, само исфрлете ги овие 2 работи од исхраната!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.