Познат нутриционист тврди: Ако сакате да ослабите, само исфрлете ги овие 2 работи од исхраната!

Совет на експерти

Патот до топ-формата е многу едноставен

Многу е едноставно: ако сакате да ги симнете вишокот килограми, сè што треба да направите е да ја намалите консумацијата на јаглехидрати и шеќери.

Оваа диета ја смислил американскиот нутриционист и фитнес-инструктор Хорхе Круз, кој смета дека главната причина за дебелеењето не лежи во количината на внесени калории, туку во количината на „погрешните“ калории што секојдневно ги внесуваме.

Кои се тие „погрешни“ калории?

Проблемот настанува кога внесуваме храна што се претвора во шеќери, а тоа се јаглехидратите. Па така, сè се сведува на лачењето инсулин и неговата улога во процесот на слабеење. Колку повеќе шеќер внесувате во организмот, толку повеќе се зголемува лачењето инсулин, хормон кој го спречува претворањето на масните наслаги во енергија. А со самото тоа, се качуваат и килограмите.

Доколку ги исфрлите од исхраната јаглехидратите и шеќерот, ќе можете да изгубите и до 8 килограми за две недели, тврди тој. Тој предлага да се воведе балансирана исхрана, а тоа значи дека во текот на еден ден треба да имате 3 главни оброци и 2 ужини. На овој начин ќе ви се забрза метаболизмот.

Во оваа диета, практично, нема строго ограничување на порциите и нема гладување. Тоа правило важи за сите намирници, освен за оние што содржат „погрешни“ калории, односно што изобилуваат со јаглехидрати и шеќери. Дозволена количина на овие „погрешни“ намирници е до 100 г дневно.

Исфрлете ги намирниците што изобилуваат со заситени масти и почнете повеќе да јадете храна богата со влакна и протеини.

Идеја за мени

Појадок: погача од интегрално брашно со путер, шолја кафе со млеко (по желба засладено со засладувач)

Утринска ужина: парче сирење по избор (може и полномасно)

Ручек: салата со шкампи (2 шолји сечкана зелена салата, 2 лажици прелив за Цезар салата, 5 шкампи на скара, 1 лажица изрендан пармезан)

Попладневна ужина: резанка мисиркини гради, парче млечен кашкавал

Вечера: шницла со зеленчук (шницла на скара од посно говедско месо исечена на ленти, 2 шолји варен спанаќ, салата од 4 домати и зелена салата зачинета со маслиново масло и вински оцет), 1-2 чаши црно вино.

5 главни виновници за таложењето сало на стомакот: Еве зошто никако не ви успева да ослабите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.