Сет мејкап-производи „Дебора Милано“ на подарок за 1 читателка

Овој и други производи можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Дебора Милано“ во рамките на февруарската „У&З-лавина од подароци“, објавена во актуелниот број на магазинот „Убавина и здравје“, одлучи да израдува 1 читателка со сет составен од маскара, лак за нокти, мат-кармин и стик за контурирање.

Deborah Milano 24 Ore Instant Maxi Volume маскара со револуционерна формула која дава неверојатен инстант волумен од корен до врв на секоја поединечна трепка. По првото нанесување се добива +170% повеќе волумен. Станува збор за производ кој комбинира извонредни перформанси со состојки кои се грижат за трепките со секоја апликација.
Карминот Fluid Velvet Mat  е вистинското нешто за жената која има потреба од квалитетен, долготраен кармин со софистициран ефект. Благодарение на револуционерната формула и специјално дизајнираниот апликатор, усните се истовремено обоени и дефинирани само со еден потег.

Ви ја претставуваме линијата Secrets of Contouring на Deborah Milano. Сетот содржи 1 стик за совршено контурирање на лицето.

Имајте блескав маникир во удобноста на вашиот дом! Раскошната боја идеално покрива и го зголемува волуменот на вашите нокти. 10 Days Long лак за нокти на „Дебора Милано“ со долготраен ефект!

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во март.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.