Вкусен и богат ручек што ќе ве засити: Пригответе пилешка мучкалица од рерна!

Главно јадење

Превкусно јадење со пилешко месо што нема да ве остави гладни

Состојки:
  • 500 г пилешко бело месо
  • 250 г печурки
  • 2 тенки праза
  • 50 г путер
  • 2 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 5 дл млеко
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 4 бели компири со средна големина
  • 150 г кашкавал
  • црн пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Празот се лупи и се сечка на коцки, пилешките гради се сечкаат на поголеми коцки, а печурките на листови. Компирите се мијат и се варат со кората.

2. Се загрева малку масло во тенџере, а потоа се додаваат печурките и се пржат, со повремено мешање, додека изврие течноста што ја пуштиле. Се вадат од маслото и се оставаат настрана.

3. Во тенџерето се става уште малку масло, а потоа се додава празот и се пржи додека омекне малку.

4. Се додава пилешкото месо, па сето тоа заедно се пржи додека месото ја промени бојата. Се враќаат печурките, се додаваат солта и црниот пипер, се промешува и се трга од огнот.

5. За приготвување на бешамел-сосот се топи путерот во тава, се додава екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и кратко се пржи. Постепено се налева топлото млеко, со непрекинато мешање со лажица, и се вари на умерена температура додека се згусне. Се посолува и се додава пармезанот.

6. Пилешкото месо и зеленчукот се прелеваат со бешамел-сосот и се промешува. Се префрла во намрсен огноотпорен сад.

7. Се лупат компирите и се рендаат одозгора во садот. Одозгора се посипува со крупно рендан кашкавал и се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 30 минути.

Извор: Добра храна

Вкусен и здрав ручек полн со витамини: Пригответе полнети пиперки во павлака!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.