Оваа комбинација е најголемиот непријател на витата линија: Ако ги јадете овие намирници со месо, веројатно ќе се здебелите!

Истражувањата потврдиле

Добро размислете пред следниот оброк што внесувате во организмот

Рускиот ендокринолог и диетолог Татјана Бочарова открила кои намирници не би требало да се комбинираат со месо. Оваа комбинација е најголемиот непријател на витата линија. Доколку често се јаде, вишокот килограми се неизбежни.

Месото никако не би требало да го јадете заедно со млечни производи. Освен што тоа ќе допринесе за качување килограми, оваа комбинација е лоша и за здравјето.

„Месото и млечните производи не би требало да се консумираат заедно во еден оброк. Проблемот е во тоа што калциумот што се содржи во сирењата, млекото, јогуртот, ја намалува апсорпцијата на железо за 50-60 проценти. Треба тоа да се има предвид кога станува збор за исхрана на деца, трудници и пациенти што боледуваат од анемија“, смета Бочарова.

Таа препорачува дека покорисно е со месо да се испие чаша вода или лимонада одошто кафе или чај, бидејќи полифенолот танин што се содржи во тие напивки исто така ја намалува апсорпцијата на железо.

Исто така, непожелна е и комбинацијата на месо со компири, тестенини и пченка.

„Месото потешко се вари со храна што содржи скроб: леб, компир, пченка и макарони. Така се забавува метаболизмот, а со самото тоа поголем е ризикот од дебелеење. Поради тоа, пациентите што имаат вишок килограми би требало да го комбинираат месото со зеленчук“, рекла Бочарова.

Добро размислете пред следниот оброк што внесувате во организмот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.