Париска венчавка: Како да изгледате како француска невеста? (ФОТО)

Импресивни невести чии стајлинзи се паметат

Парижанките имаат многу посебен стил дури и на денот на својата венчавка. Од Брижит Бардо до најмодерната Лолита Џејкобс, парижанките остануваат многу импресивни невести чии стајлинзи се паметат.

Лолита Џејкобс на венчавката со Жан Баптист Талбурде на 7 јули 2018 година одлучи да облече бела кошула и црвени рамни обувки од Маноло Бланик. Невестинскиот изглед го заокужи со долг невестински превез.

За својата граѓанска венчавка во Париз на 11 јуни 2021 година, француската инфлуенсерка Сабина Сокол одлучи да облече сино-бел фустан од Миау и бели папучи со висока потпетица, омилен додаток на Французинките.

На 18 јуни 1959 година, Брижит Бардо се омажи за актерот Жак Шариер, облечена во кариран розов фустан потпишан од Жак Естерел, кој го искомбинира со елегантни балетанки. Така се роди виши-трендот.

На 30 јуни 1977 година, Лулу де Фалез се омажи со Тади Клосовски во Клуб 7 во Париз. Како егзотична принцеза, Лулу носеше турбан украсен со портокалови перја и бисери, додека нејзиниот букет беше направен од црвени цвеќиња.

Во јуни 1990 година, Инес де ла Фресанж се омажи со Луиџи д’Урса на југот на Франција. Невестата избра сиво-бело сако во комбинација со бел фустан и шапка со превез.

На свадбата од бајките во 1962 година, Кетрин Денев се омажи со Жан-Пјер Оноре облечена во мини-венчаница, која ги откриваше нејзините долги нозе.

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.