Новиот партнер ѝ го финансира албумот на Ана Николиќ

Во врска се три месеци

Ана Николиќ и Срефан Ѓуриќ Раста останаа во одлични односи и по разводот, пред се’ поради својата ќерка Тара, која и двајцата ја обожаваат. Поп-пејачката работи на новиот албум, на кој најверојатно ќе се најде и дует со контроверзниот рапер.

Како што пренесува порталот Svet&Scandal, Ана веќе ја пронашла среќата во љубовта покрај еден бизнисмен со кого е во врска три месеци.

Ана е среќно вљубена, веќе некое време се гледа со еден тип, кој не е познат за јавноста, но мошне е успешен во работата и сопственик е на синџир хотели. Таа никогаш не била спонзоруша, но тој одлучи да инвестира во нејзината кариера. Врската им е се’ уште свежа, заедно се три месеци, па не сака да ѝ го претстави на јавноста. До крајот на есента планира да го објави албумот, а главен спонзор ќе ѝ биде токму новиот дечко. Има идеја на албумот да се најде и дует со Раста, кој ќе ѝ го посветат на ќерка си Тара. Се надева дека тој ќе најде инспирација да направи добра песна“, открива за „Свет“ извор близок на пејачката.

Раста се’ уште го нема запознаено новиот емотивен партнер на бившата, но во едно интервју откри дека не би се воздржувал и Ана да ја запознае со својата идна партнерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.