Ова овошје содржи најмногу шеќер: Поради него се дебелеете лесно и незабележливо!

Обрнете внимание

Фото: Pixabay

Ретко кој може да се сопре на еден грст цреши, но токму тоа е границата ако сакате да ја одржите телесната тежина

Овошјето е добро за вас и му ги дава на организмот потребните нутриенти и минерали, но се разликува и по количината шеќер што ја содржи.

Ако сакате да ја одржите телесната тежина или сте на диета, добро е да знаете кое овошје треба да го одбегнувате…

Манго

Едно манго содржи околу 45 г шеќер, па не е најдобар избор за оние што се на диета. Ако мангото ви е омилено овошје, а сте на диета, изедете само резанка или две.

Грозје

Еден грст грозје содржи околу 23 г шеќер, а тоа многу за тие мали зрна што лесно се јадат. Помалку ќе изедете ако ги пресечете на пола и ги ставите во замрзнувач, но така сигурно ќе ви послужат како вистински летен десерт што се џвака малку подолго…

Цреши

Ретко кој не сака цреши, но за жал, тие содржат многу шеќер, па само со мала порција ќе внесете и до 18 г шеќер. Секако, најдобро е да ги јадете во мали количини, иако знаеме колку е тоа тешко…

Круши

Една мала круша содржи околу 17 г шеќер, па ако се обидувате да ги симнете вишокот килограми, немојте да ја јадете цела. Додајте неколку коцки во јогурт или во овошен сок, а можете да ја додадете и во салати.

Лубеница

Една резанка лубеница може да содржи и до 17 г шеќер, но таа содржи и електролити кои му се потребни на организмот за да закрепне по сончање. Јадете лубеница, само во умерени количини.

Смокви

Две помали смокви содржат околу 16 г шеќер, па доволни ќе ви бидат неколку резанки од овој десерт ако сте на диета. Додајте ги во појадокот или во салати.

Банана

Една помала банана содржи околу 14 г шеќер. Ако тоа е премногу за вашите потреби, можете да додадете половина банана во оброкот со јогурт или во салати.

Кое овошје содржи најмалку шеќер?

Авокадо

Ако сакате авокадо, имате среќа, бидејќи едно цело содржи само 1,33 г шеќер. Можете да го јадете како додаток на салати, сендвичи или пак во овошни салати. Но иако има малку шеќер, содржи многу калории, па и не е најдобро да го јадете секој ден.

Малини

Малините се богати со влакна и една мала порција содржи околу 8 г влакна а само 5 г шеќер. Влакната ја подобруваат дигестијата и ќе ве држат сити, без да внесете многу калории.

Диња

Никој не би помислил дека ова слатко овошје има толку малку шеќер, па така во една резанка има само 5 г шеќер и само 23 калории. Додајте во слатки и солени оброци.

Јагоди

Една поголема порција јагоди содржи само 7 г шеќер, а можете да ги јадете како сакате.

Супер овошје: Кои видови треба да бидат вклучени во исхраната?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.