Направете нешто добро за своето здравје: Четири совети за јакнење на имунитетот

Ширењето на корона вирусот, ама и брзата промена на времето кое се очекува, во прв план го става јакнењето на имунитетот. Еве совети кои ќе ви помогнат во тоа!

Водете сметка за исхраната

Не, не треба да се “клукате“ со суплементи или да “пасете“, како што многумина на шега знаат да кажат ког анекој ќе спомне здрава исхрана, туку  во својот режим на исхрана да додадете намирници кои се полни со витамини и минерали.

Најпрво потрудете се да внесете повеќе овошје и зеленчук, протеини, а помалку масти и шеќери…Освен тоа, важно е да јадете разновидна храна, за да може да внесувате различни витамини и минерали.

Силниот организам сега е приоритет: Оваа традиционална руска напивка го зајакнува…

Како една поважна намирница за имунитет експертите го посочуваат јогуртот. Богат е со бактериски култури кои се важножи за одржување на здравата микрофлора во цревата.

Инаку поголемиот “дел“ на имунитетот се наоѓа во цревата, па затоа и здрави црева се важни за целиот имун систем.

Не треба посебно да напоменуваме дека овошјето посебно важно за силен имунитет, а посебно витаминот Ц КОЈ ИМА СВОЈСТВА НА АНТИОКСИДАНТ  помага во јакнењето на имунитетот.

Витаминот Ц го има доста во лимонот и портокалите, но секако не треба да се држите само до ова овошје туку треба да јадете разнолично.

Како млечката ги чисти белите дробови и црниот дроб: Народен лек што се прави…

Веќе и врапците на гранките знаат дека медот е добар за имунитетот и општото здравје. Можете да го ставите во омилениот чај или едноставно да изедете лажичка мед со цимет, кој истотака е добар за здравјето.

Чај од ѓумбир истотака може да ви помогне во јакнењето на имунитетот. Измијте корен од ЃУМБИР излупете го ставете го во зовриена вода да одстои, засладете го малку со мед и ете ви го “еликсирот на здравјето“ .

За јак имунитет и организам здрав како дрен: Овие намирници содржат витамин Ц во…

Спијте доволно

Исцрпен организам во ниту еден случај не е добар бидејќи не може да функционира нормално, ниту да с ебори со вирусите. Затоа е од клучно значење да спиете доволно. Некои студии покажале дека личностите кои не спијат доволно произведуваат помалку антитела кои се важни во борбата против вирусите и бактериите.

Една лажичка мед на ден – 10 здравствени придобивки

Вежбајте (дома)

Фитнес центрите во Македонија се затворени поради вонредната состојба, ама тоа не значи дека треба по цел ден да седите дома. Бројни вежби може да се прават и дома еве идеи…

3 предлози за домашен тренинг за кој не ви треба никаква опрема

Имајте на ум дека со вежбањето ја потикнувате работата на белите кврни зрнца кои се многу важни за работата на имунитетот!

Водете сметка за хигиената

Никогаш порано толку многу не се говорело за хигиената. Меѓутоа хигиената не е важна само за заштита од корона вирусот, таа е важна и за имунитетот! Од посебно значење е редовното миење на рацете, за да не ги внесете вирусите и бактериите кои ќе се насобрат на нив. …

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.