За јак имунитет и организам здрав како дрен: Овие намирници содржат витамин Ц во изобилство!

Имунитет силен како карпа

За да го сочувате имунитетот, неопходен ви е витамин Ц

Внесувањето доволна количина на витамин Ц ќе им овозможи правилно функционирање на сите клетки, а во периодот на вируси е и повеќе од неопходен.

Освен што го зајакнува имунитетот, овој витамин влијае и врз добриот изглед на кожата и нејзината еластичност. Придонесува за зголемување на хормонот за среќа во телото и доброто расположени. Освен тоа, тој спречува стареење на кожата и на сите клетки во телото.

Многумина мислат дека најмногу го има во цитрусите, но ќе ве изненади фактот дека го има во големи количини и во друго овошје и зеленчук.

За да ги внесете препорачаните 100 милиграми, изедете полна шака црни рибизли и порција спанаќ. И пиперката, брокулите и другите зелјести видови ја даваат потребната дневна доза.

Еве во кои намирници го има во изобилство:

  • Шипка: 1.250 мг
  • Кучешки трн: 700 мг
  • Бозел: 260 мг
  • Мирудија: до 210 мг
  • Магдонос: до 210 мг
  • Магдонос: 160 мг
  • Зелка: 150 мг
  • Брокули: 115 мг
  • Црвена пиперка: 110 мг
  • Анасон: 95 мг
  • Спанаќ: 90 мг
  • Јагоди: 80 мг
  • Лимон: 50 мг
  • Црвена зелка: 50 мг

Дознајте и што ќе му се случи на вашето тело ако секој ден пиете чај од камилица.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.