9 неверојатни работи што ќе му се случат на вашето тело ако секој ден пиете чај од камилица!

Лековити својства

Прочитајте кои здравствени проблеми ги лечи напивката од оваа лековита билка

Чајот од камилица е напивка што има исклучително лековити својства за телото и здравјето. Доколку секојдневно консумирате барем една шолја, оваа лековите билка може да направи чуда за вашиот организам…

Го снижува притисокот и го зајакнува срцето

Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат срцето, како што се флаваноиди, кои го намалуваат ризикот од заболувања на крвните садови. Па затоа, пиењето чај од камилица помага во борбата против висок притисок и го спречува настанокот на срцеви заболувања.

Помага против воспаленија

Лесните хронични воспаленија можат да бидат причина за многу болести, како што се Алцхајмерова болест или депресија, бидејќи постојано го оптоваруваат телото. Чајот од камилица ги содржи материите алфа бисаболол и матрицин кои ги ублажуваат воспаленијата.

Го опушта телото и го подобрува сонот

Ако навечер пред спиење направите чај од камилица, полесно ќе заспиете и подобро ќе спиете. Материјата апигенин што се содржи во оваа напивка смирува како благо средство за спиење.

Ублажува дигестивни и менструални тегоби

Овој лековит чај помага при надуеност, дијареја и други дигестивни проблеми, бидејќи содржи материи што ги опуштаат мускулите во цревата, односно ја поттикнува работата на цревата а ги намалува грчевите. Исто така, помага при менструални тегоби.

Помага за слабеење

Доколку нездравите напивки ги замените со чај од камилица, ќе заштедите многу калории и ќе бидете поздрави. Освен тоа, бавното пиење топла напивка дава чувство на уживање, како и ситост.

Добар е за тенот

Антиоксидансите ја прават кожата поотпорна и посјајна. Освен тоа, чајот може да ја спречи појавата на нечиста кожа.

Го намалува чувството на страв

Чајот од камилица може да ни помогне да ги смириме нервите и стравот доколку сме исплашени од нешто. Материите што ги содржи поттикнуваат одредени аминокиселини во мозокот кои се задолжени за воспоставување рамнотежа.

Го намалува ризикот од дијабетес

Овој чај ги поврзува заштитните бета-клетки во панкреасот, го одржува нивото на шеќерот ниско и ги полни резервите на гликоген, што долготрајно го намалува ризикот од дијабетес тип 2.

Помага за болки во зглобовите

Доколку често ве мачат болки во зглобовите, а не сакате да пиете лекови против болки, камилицата е одлично решение. За тоа помагаат нејзините смирувачки состојки.

Исто така, чајот го спречува настанокот на остеопороза и го зајакнува имунитетот.

Дали знаете кои 10 здравствени придобивки ги нуди една лажичка мед секој ден?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.