„Јас сум жената што излезе како победник од битката со коронавирусот“ – еве како си го спасила животот!

Почитувајте ги советите на лекарите

Излекувањето е возможно доколку ги почитувате советите на лекарите – нејзиното име е Ана, има 42 години и ова е нејзината приказна

Ана (42) ни ја раскажа нејзината приказна и ни откри како успеала да го победи овој опасен вирус…

Седев во мојата дневна соба кога заѕвони телефонот и чув порака што гласеше: „Јавете ни се што поскоро“. Пораката стигна од болницата во која се тестирав на коронавирус. Во тој момент знаев дека резултатите се позитивни.

Денес сум добро, се’ уште кашлам повремено, но оваа турбулентна фаза од животот завршува. Сакам да ја споделам оваа приказна за да се заразат што е можно помалку луѓе. Ги следев сите упатства на докторите и советите и благодарение на нив денес се чувствувам подобро.

Вака почна се’. Кон крајот на февруари бев на ручек во еден ресторан каде што мислам дека се заразив со вирусот. Излезе дека јас и уште двајца луѓе кои беа со мене, сме позитивни на овој вирус. Нивните симптоми беа благи, но во мојот случај ситуацијата беше малку полоша.

Два дена после тој ручек, се разболев со болки во главата и грлото, не можев да одам ни на работа. Неколку часа подоцна добив и блага температура. Првата помисла ми беше дека имам грип, па затоа испив лекови за снижување температура, но не ми беше подобро.

Дури утредента се посомневав на коронавирус и отидов во амбуланта да се тестирам. Се’ уште мислам дека попаметно ќе ми беше истиот ден кога чувствував дека не ми е добро да отидев на доктор. Сите ги советувам да го направат тоа ако забележат симптоми. Навременото откривање е половина здравје.

Кога тестот покажа дека сум позитивна на вирусот, следниот чекор беше карантин од 14 дена. Првите 72 часа се клучни. Доколку не се изложувате на дополнителен ризик, ја намалувате шансата симптомите да се влошат, но и да заразите други луѓе.

Имам сопруг и две деца кои исто така веднаш се тестираа, но за среќа, не беа заразени. Од нив бев целосно изолирана, додека лекарите не ми дозволија повторно да бидеме во иста просторија.

Паметната постапка ги спаси и нив од овој вирус. Се’ уште не се прегрнувам, а миењето раце што почесто е задолжително. Знам дека тоа во голема мера го убива коронавирусот.

Страшно беше тоа што во некои моменти не можев да земам воздух. Среќна сум што оздравев и благодарна сум им на лекарите за сите совети што ми ги дадоа и за негата што ми ја пружија.

Морам да нагласам дека сум генерално здрава личност, па моето тело успеа да се одбрани само од себе со зголемено внесување витамини. Би сакала да апелирам до повозрасните и луѓето што имаат здравствени проблеми да не се изложуваат на можноста да заболат од овој вирус. Излегувањето од дома во овој период не е неопходно, заштитете се навреме. Сите треба да направиме најмногу што можеме за да ги заштитиме другите.

Ќе признаам дека периодот на изолација беше тежок, но со поддршка од блиските, успеав да надминам се’. Со сопругот разговарав со часови на телефон за да ми помине побрзо времето.

Ова го сфаќам како голема животна лекција дека здравјето секогаш би требало да ми биде на прво место. Ништо не е поважно од здравјето, чувајте го навреме.

Прочитајте ги и овие исповеди на луѓе што го прележале коронавирусот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.