Исповеди на луѓе што го прележале коронавирусот: „Осетив мачнина, но никогаш не би го поврзала тоа со вирус!“ (ВИДЕО)

Добро е да се знае

Бројот на луѓе заразени со коронавирус ширум светот расте од ден во ден, додека во Македонија досега има 7 потврдени заразени лица

„Мислев дека мачнината е последица од враќањето на брод“

Американката Ребека Фрасуре (35) била на крстосување на брод со сопругот, а не ни претпоставила што ќе се случи. Откако во Кина на крузерот влегол заразен патник, на бродот завладеала општа паника. Ребека најпрво не верувала дека се заразила, бидејќи немала никакви симптоми.

„Се чувствував добро, имав само мала кашлица што траеше подолго време. Немав ни температура. Веројатно не би ни знаела дека сум заразена да не ме тестираа. Кога бевме на Тајван, кратко излеговме на копно, а кога се вративме на брод, почувствував мала мачнина, но никогаш не би го поврзала тоа со болест. Мислев дека е нешто привремено, а не вирус, особено не коронавирус“, рекла таа на средината од февруари кога ја однеле во болница во Токио.

На работа требала да се врати на 17 февруари, но била изолирана во болничка соба во Токио каде што престојувала од 6 февруари до 4 март.

Подобар е, но се’ уште го мачи сува кашлица

Американецот Карл Голдман (67) од калифорниското гратче Санта Кларита се заразил на крузер кој две недели бил заглавен во Јокохами од безбедносни причини.

Моментално се наоѓа во карантин на Медицинскиот универзитет во Небраска, а вирусот го нападнал во авион. Додека патувал накај дома во Америка, се разбудил со треска.

Открил дека немал типични симптоми на настинка, како што се кивање, надуеност или болки во мускулите.

„Од симптоми имав само сува кашлица која се’ уште трае. Тоа е единственото нешто што ме потсетува дека имам вирус“, изјавил тој.

Се чувствува добро, но останува во карантин додека тестот на коронавирус три дена по ред не биде негативен.

Се заразила грижејќи се за пациенти, а нејзиниот сопруг снима документарец за да ја расположи

Кинеската медицинска сестра Ли Тинг се заразила со коронавирус додека се грижела за пациенти во болница во Вухан.

Ја испратиле во домашна изолација, а сопругот Хаи Танг не сакал да ја остави сама и одлучил да се грижи за неа за време на болеста. Сето тоа го снимиле, а видеата ги објавуваат на Јутјуб како серијалот „Нашата приказна за коронавирусот“.

Танг открил дека идејата била негова бидејќи сакал ја расположи сопругата. Додека таа одмарала, тој ги извршувал домашните обврски и готвел. Облекувал заштитен костим за да ја спречи заразата, а имаат и син кого го испратиле надвор од дома.

„Добив тежок удар кога дознав дека не смеам да излезам надвор“

Шпанскиот спортски новинар Кике Матеу (44) се заразил во Милано кога известувал за фудбалскиот натпревар помеѓу Атланта и Валенсија на 19 февруари. Тој е првиот новинар од Валенсија кому му е откриен коронавирусот по патување во Милано.

Се надевал дека во понеделникот ќе излезе од карантинот во болница во Валенсија и ќе се врати дома, но тестот повторно бил позитивен.

„Вирусот е многу отпорен и повторно сум позитивен. Заразен сум веќе 21 ден, а оттогаш 16 дена сум хоспитализиран. Се надевав дека денес ќе излезам, па затоа ова беше тежок удар за мене“, напишал на Твитер.

Заразата ја прифатил со одредена доза хумор, но вели дека по две недели изолација му снемува сила.

https://twitter.com/kike_mateu/status/1230207271176679424

„Веднаш го известив семејството, пријателите и колегите“

Морена Коломби (59) од гратчето Трукацано во покраината на Милано, на 17 февруари отишла кај својата матична докторка поради симптоми на грип. Но по неколку дена, здравствената состојба не и’ се подобрила.

„Три пати прележав воспаление на белите дробови и по звукот на кашлањето знаев дека нешто не е во ред. Се јавив во инфективната болница Сако, каде ми кажаа дека немаат повеќе простории за изолација. Ми кажаа да одам во болница во Тевиљо, која беше близу мојата куќа. Веќе се чувствував многу болно и одлучив со автомобил да одам во итна помош, а кога ме хоспитализираа, рендгенот покажа дека имам воспаление на белите дробови“, раскажала заразената Италијанка на која тогаш и’ направиле тест и тој бил позитивен.

„Ми беше подобро, чувството е исто како кога имам грип, но се плашев за сите оние со кои имав контакт. Веднаш им се јавив на пријателите, семејството и колегите. Никој не можеше да ме посети во изолација во болница. Ми направија уште еден рендген и видеа дека состојбата ми се подобрила. Ме пуштија пред пет дена и ми кажаа да останам во домашен карантин уште две недели. Разговарам со синот и сестра ми преку Скајп, но не одам никаде. Уште малку кашлам, но оздравена сум.

Повеќе ме плаши незнаењето отколку вирусот. Се чувствувам тажно поради озборувањата. Тажна сум кога луѓето ги празнат полиците во продавниците. Не затоа што не ја разбирам паниката, туку затоа што никој не мисли на другите. Ако земете се’, можеби некому ќе му затреба нешто. Ова е комплицирано време, но треба да останеме при себе“, порачала Италијанката.

„Дознав дека е корона кога се’ ми помина“

Конр Рид (25) од Ландудно во Северен Велс, работел во училиште во Вухан и станал првиот Британец за кого се знаело дека е заразен со вирусот COVID-19.

„На 25 ноември минатата година осетив дека сум настинал, но неколку дена подоцна, состојбата ми се влоши. Се разбудив со температура, кашлав и одлучив дека нема да одам на работа неколку дена“, раскажува Конор кој имал проблеми со ушите и синусите.

Го мачела и силна кашлица. Најлошото допрва се случило. Се разбудил борејќи се за воздух, па наредниот ден отишол во болница. Така на 5 декември направил крвни тестови, рендген и тестови за дишење. Се покажало дека имал воспаление на белите дробови.

„Во ниту еден момент не помислив дека би можел да умрам. Млад сум. Не пушам. Не пијам. Не сум стар и немам здравствени проблеми“, открил тој.

Погледнете ги и овие инфографици кои ги одговараат најчесто поставуваните прашања за коронавирусот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.