Мајка која ги школува децата дома има 9 одлични совети за родителите: Ако се нервирате, сторете го ова!

Корисни совети

Фото: Guliver/Getty Images

Ограничете го времето што вашите деца го поминуваат пред екранот и бидете сигурни дека тоа е откако ќе ги завршат сите свои задачи.

Хевли Шнајдер е мајка на четири деца кои се школуваат од дома од 2018 година. Таа одлучи да им олесни на родителите споделувајќи неколку совети. Нејзините деца имаат седум и две години, а најмалото само девет месеци.

Социјални мрежи

Ограничете го времето што вашите деца го поминуваат пред екраните и бидете сигурни дека тоа го прават откако ќе ги завршат сите свои задачи. Обидете се колку што е можно повеќе за нивните игри и хоби да се фокусирани на некои едукативни и креативни активности.

Активности

Градете замоци од мебел, играјте друштвени игри или читајте им на глас додека тие бојат или сложуваат лего-коцки.

Прочитајте и: Џејми Оливер: „Ако на вашето дете му го давате ова, вие свесно го труете!“

Нивното расположение

Обрнете внимание на нивното расположение и не ги терајте да прават нешто што не сакаат. Ако се нервираат, променете ги вашите начини.

Јадете ужинка, направете кафе, а нив дајте им го омилениот пијалак.

Обидете се да се ставите во нивна позиција и полесно ќе го најдете решението.

Вашето расположение

Ако се чувствувате дека нервозно реагирате, запрашајте се зошто сте такви одеднаш. Поставете се на нивно место и размислете како би сакале некој да ве третира.

Слободно време

Најдете радост и среќа во времето со вашите деца. Бидете присутни во секој момент, особено сега кога не одите во канцеларија и имате повеќе време за нив.

Поврзаност

Ако имате повеќе деца, научете ги и градете ги нивните односи и врски. Сега е вистинската можност да се зближат.

Живот со родители перфекционисти: Еве кои 8 негативни и долготрајни последици им ги оставаат на децата!

Слушајте ги

Ако ви постават прашања за работите околу вас, истражете ги одговорите. На пример, како да се изградат мостови, како да се направи храна популарна во земјата што ја сакаат, да истражуваат повеќе за растенијата што ги имате дома … Што и да ги интересира, сфатете ги сериозно и едуцирајте ги.

Бонтон

Сега кога тие се со вас 24/7, имате можност да ги одгледувате и да ги научите на бонтон подетално отколку порано. Не дозволувајте да се прекинуваат меѓусебно и поставете јасни граници, рутини и распореди. Ако се доволно стари, дајте им задолженија – оставете да ги измијат садовите, да ги редат облеките, играчките…

Издржете

Децата честопати ќе плачат и плачат, бидете подготвени за тоа. Во никој случај не им одговарајте нервозно и не ширете лоша енергија, но дајте сѐ од себе за да им помогнете и да го решите проблемот што се појавил. Таа исто така препорачува да се користи Јутјуб за јога видеа, аудио книги или гласно читање. „Танцувајте, шегувајте се и играјте со децата“.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.