Лек за долговечност и моќен чувар на здравјето: Не сте ни свесни што се’ прават кајсиите за вашиот организам!

Природен лек!

Кајсијата е многу хранливо и лековито овошје

Кајсиите изобилуваат со влакна, минерали и силни антиоксиданси кои го неутрализираат штетното дејство на слободните радикали и ги спречуваат кардиоваскуларните заболувања.

Преполни се со витамините А, Ц и Б, каротеноиди и ксантофили и  нутриенти кои го штитат видот, ја спречуваат макуларната дегенерација и слабеењето на очните мускули во староста. Го регулираат крвниот притисок, а поради високиот процент на влакна благотворно делуваат на варењето и ја спречуваат опстипацијата.

Кајсиите го поттикнуваат одбранбениот механизам, односно штитат од инфекции. Поради присуството на калциум, фосфор, манган, бакар и железо, ти гро одржуваат здравјето на коските и ги зајакнуваат. Затоа жените во менопауза почесто би требало да ги консумираат, бидејќи може да ја спречат остеопорозата.

Благодарение на витаминот А што го содржат се сметаат за најдобриот природен сојузник во зачувувањето на здравјето на кожата и забите.

Ако се јаде пред оброк, кајсијата добро влијае врз варењето, а поради високата количина на железо, им се препорачува на анемични луѓе.

Докажано е дека кајсиите го намалуваат ризикот од рак и го продолжуваат животниот век.

Од дамнешни времиња познато е дека жителите на долината Хунза доживувале длабока старост, бидејќи јаделе ореви и суви кајсии.

Со оглед на тоа што содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје, ја подобруваат функцијата на мозокот.

Исто така, лутеинот што се содржи во кајсиите ја штити мрежницата. Одличен сојузник е и на витата линија, бидејќи не дебелее и топло им се препорачува на оние што сакаат да ослабат.

Ги спречуваат срцевите болести, ги обновуваат оштетените ткива и го снижуваат нивото на лошиот холестерол.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.