Колач од јаболка: Крцкав десерт што сите го обожаваат!

Старински рецепт

Постапката за приготвување на овој десерт е малку необична, но не дозволувајте тоа да ве обесхрабри

Состојки:
  • 150 грама брашно
  • 150 грама гриз
  • 1 прашок за печиво
  • 100 грама шеќер

За филот

  • 600 грама рендани јаболка
  • малку цимет
  • 100 грама суво грозје
  • 100 грама шеќер

Дополнителни состојки:

  • 1 коцка путер
  • 50 грама чоколадо
Приготвување:

Добро измешајте ги сувите состојки и просејте ги за да се распореди прашокот за печиво. Премачкајте тепсија со путер, па дното покријте го со сувата смеса, а врз неа во тенок слој распоредете рендани јаболка измешани со суво грозје и цимет. Потоа, повторно нанесете сува смеса, па одозгора рендано чоколадо и така се’ додека не го потрошите материјалот.

Завршете со потенок слој брашно, притиснете со раце, па на брашното наредете путер и наросете сечкани ореви. Печете на 200 степени Целзиусови околу 45 минути.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.