Еве што се случува во вашето тело кога ќе испиете чаша вода пред спиење!

Позитивни и негативни промени

Дознајте што му дава чаша вода на вашиот организам пред спиење

Водата е најважната супстанција на светот, бидејќи го одржува здравјето и е одговорна за низа витални функции во нашиот организам.

Сите знаеме дека препораката е да се пијат 1,5 до 2 литри вода дневно, а најголем ефект на организмот ќе има ако испиеме чаша вода наутро на празен желудник.

Меѓутоа, што се случува ако испиеме чаша вода навечер пред спиење?

Предности:

Го подобрува расположението

Недостигот на вода во организмот не влијае само врз чувството на сувост во устата и во грлото, туку создава проблеми во целиот организам. А кога телото е дехидрирано, паѓа и расположението. Со оглед на тоа што навечер не пиеме вода, а доста се потиме (од половина литар до дури и два литра) тешко дека можеме да го надоместиме тоа со редовно внесување течности.

Доколку испиете една или две чаши вода пред спиење, нема да бидете дехидрирани и ќе се разбудите со подобро расположение.

Може да ја намали главоболката

Доколку навечер сте испиле алкохол, треба да испиете чаша вода пред спиење. Со оглед на тоа што алкохолот извлекува течност од организмот (заедно со магнезиум, калиум или натриум), се јавува мамурлак.

Па затоа, ако навечер пред спиење испиете чаша вода, нема да имате проблеми со главоболка.

Дополнителен совет:
  • Растопете таблета магнезиум во водата и така дупло ќе му помогнете на телото.
Негативни страни

Може да го преоптовари мочниот меур и да го расипе сонот

Доколку навечер испиете чаша или две вода пред да си легнете, можете да го ослабите мочниот меур. Тогаш, на секој час ќе имате потреба за мокрење, а со самото тоа нема да бидете опуштени и ќе ви се наруши сонот.

Па, дали да пиете вода пред спиење или не?

Обидете се еднаш да испиете чаша вода пред спиење и потоа набљудувајте ја реакцијата на вашето тело. Ако многу ве нервира ноќното одење на мокрење, тогаш немојте да пиете вода навечер.

Најважно е во текот на денот да пиете доволно вода (2-3 литри). Најдобар ефект на вашиот организам ќе има чашата вода наутро на празен желудник.

Не пиете вода чим отворите очи? Еве зошто под итно треба да ја промените оваа навика
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.