Гледачите гласале: Ова се 10-те најдобри филмски ликови на сите времиња!

Дознајте повеќе

Според најновата топ-листа на порталот Ranker, Форест Гамп е најдобриот филмски лик на сите времиња, барем според повеќе од 1,1 милиони гласови

Најмногу гласови добил Форест Гамп, протагонистот на филмската адаптација на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година. Филмот на Роберт Земекис од 1994 се смета за класика на современата филмографија, а комичната драма што изобилува со цел спектар на различни емотивни превирања, го претворила Том Хенкс во еден од најсаканите актери на светот, чии цитати од филмот и понатаму се спомнуваат.

На второто место на листата се нашол Вуди, каубојот од „Приказна за играчките“, додека на трето место е T-800, роботот што го глумеше Арнолд Шварценегер. Во првите топ 5 се Дамблдор од „Хари Потер“ и R2D2 од „Војна на ѕвездите“.

Следуваат Леа од серијалот „Војна на ѕвездите“, Спајдермен, професорот Северус Снејп од „Хари Потер“, доктор Емет Браун од филмот „Враќање во иднината“ и Вито Корлеоне од „Кум“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.