16 најубави ретро-имиња за девојчиња што родителите ги имаат заборавено: Имаат прекрасно значење!

Вратете ги во употреба!

Овие прекрасни имиња ќе ви разбудат убави емоции во вас и ќе ве потсетат на вашето детство

Во морето популарни интернационални имиња за деца, старите македонски имиња паднаа во заборав. Ние ве потсетуваме на некои традиционални женски ретро-имиња кои ги носеле нашите баби и дедовци, со прекрасна симболика.

Антица, Анкица – име што означува благодарност и милост.

Ангелина, Ангелка – станува збор за форма на името „Ангела“ кое потекнува од грчкиот збор „angelos“ кој означува божји пратеник или ангел. На латински и на италијански е деминутив, односно означува мал ангел.

Богдана – потеклото на името Богдана е од самата именка „Бог“, а формата на глаголската придавка „дадена“ го открива значењето на името: „од Бог дадена“.

Вида – женска форма на името Видан, настанато од основата „вид“.

Ѓурѓа, Ѓурѓица – име со грчко потекло што значи земјоделец.

Ева – име со еврејско потекло, настанато од зборот Hawwa, кој значи „живо битие“. Според Библијата, тоа е името на првата жена што Бог ја создал и жена на првиот човек Адам. Ева е создадена од реброто на Адам и таа е прамајка на човештвото.

Божанка – македонско женско име што значи „доаѓа од Бог“, а настанало од името Божана.

Јанка – женско име настанато од грчкиот збор ioannikios, кој значи „носител на света благодат“.

Љубица – женско име што настанало од глаголот „љуби“.

Малина – женско име настанато меѓу народот со претворање име на билка во лично име. Означува слатка, убава и симпатична девојка.

Јасмина – потекнува од именката „јасмин“.

Николија – настанато од машкото име „Никола“.

Петрана – извор на името е зборот „петра“, која на грчки и на латински значи карпа, камен.

Сунчица – изведено е од општата именка „сонце“ и значи светла, сјајна, блескава, топла и нежна жена.

Ружица – изведено е од името Ружа. Потекнува од латинскиот збор „роса“ што значи ружа.

Споменка – име со домашно потекло. Основата е зборот „спомен“, а симболиката е незаборавна жена, што се памети.

10 имиња за девојчиња кои значат светлина: Можеби некое од нив е идеално за вашата миленичка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.