Што е микрокануларна липосукција и по што се разликува од класичната?

Ве инспирираме

Микролипосукција е минимално инвазивен метод за трајно отстранување на поткожни масти.

Едноставен е, помалку болен и бара многу пократок период за закрепнување од класичната липосукција. Се применува на најосетливите регии како што се лице, подбрадок, врат, грб, колена, листови, потколеници, раце, гради и други делови на телото од кои трајно сакаме да ја елиминираме поткожната маст. Текстот продолжува по огласот…

Бидејќи се применуваат мали канили, се избегнува голема траума на ткивата, а постоперативните модринки стануваат помали. Фактот што одеднаш не се извлекуваат големи количества маст и што интервенцијата се прави со локална анестезија, овозможува брзо закрепнување и се елиминира опасноста да се појават нерамнини и дупки.

На овој начин, а со посебна постапка, можно е да се отстранат маснотиите од стомакот и да се истакнат стомачните мускули, кои дури и со вежбање тешко се обликуваат.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.