Липосукцијата ѝ го уништила животот – ја викаат „костур на батерии“: Сите се прашуваат зошто Тара изгледа двојно постаро!

Не личи на себе

Тара Рид вчера го прослави својот 47-ми роденден, се уништила со операциите, а денес изгледа потполно поинаку во споредба со периодот кога беше најславна

Американската актерка Тара Рид (47) беше обожавана во Холивуд, ја сакаа и мажите и жените и ги красеше насловните страници на престижни магазини. Меѓутоа, во последно време не престанува да ги полни медиумите со својот непрепознатлив изглед.

Се прослави во 1999 година со филмот „Американска пита“ како симпатичната девојка Вики, но последниве години ја шокира јавноста со својот претерано слаб изглед, што таа не го смета за проблем.

Тара некогаш

Инаку, актерските успеси на Тара завршија во сенка на нејзиното шокантно слабеење и уништениот изглед на лицето. А во една пригода објаснила дека многу јаде, но наводно има многу брз метаболизам.

„На моите пријатели тоа им е поапсурдно одошто на кој било друг, бидејќи ќе ви потврдат дека многу јадам, но едноставно имам многу брз метаболизам“, рекла Тара.

Тара сега

Таа секогаш истакнувала дека е задоволна од својот изглед, па негативните коментари на негова сметка апсолутно не ја погодуваат.

Вниманието на јавноста го привлекла и со естетските зафати што ги правела, постојано се зборуваше дека правела операции на лицето, како и дека редовно оди на третмани за ботокс. Се шушкаше и за нејзината зависност. Падот на Тара најмногу почнал по липосукцијата кога посакала да ја направи својата вита линија уште повита.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Reid (@tarareid)

Нејзиниот моментален изглед е остар контраст на атрибутите и облините што некогаш ја краселе. Своевремено се дружела со старлети како Парис Хилтон и Ким Кардашијан, со кои често се забавувала по клубови.

Обожавателите на Тара се загрижени поради анорексичниот изглед и мислат дека има некоја опасна болест. Неодамна, преку социјалните мрежи ја уверувала јавноста дека е добра и дека нема никакви проблеми, меѓутоа фотографиите што редовно ги објавува не му одат на прилог во тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Reid (@tarareid)

„Тара, се уништуваш себеси, ти треба помош“, „Ти си слаба, но не си толку слаба природно“, „Костур на батерии“, „Силиконите ужасно изгледаат на твоето преслабо тело“, „Тара, имаш проблем“, „Што ти се случило“, „Изгледаш болно, лицето ти се деформирало“, „Си остарела предвреме“, се само некои од коментарите што ги оставиле обожавателите под фотографиите.

Инаку, последниве години таа се занимава со продуцирање, ја занемарила глумата, но би можела да се појави во новото продолжение на „Американска пита“, иако тоа не е потврдено.

Добро погледнете го лицето на оваа жена: Денес девојките на Балканот ова го сметаат за убавина и сакаат да изгледаат како НЕА!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.