Подмладување на лицето со – валум: Дали сте слушнале за оваа процедура?

Фото: Getty Images

Клучот на младешки изглед е во инјектирање на хијалуронот во горната третина на лицето, велат експертите

Станува збор за мошне ефикасна естетска постапка за подмладување на кожата на лицето со помош на хијалуронската киселина.

За вашето лице навистина да биде помладо, но природно, потребно е да се анализира во целост и да се одредат клучните места што ќе се пополнат со хијалуронска киселина. Текстот продолжува по огласот…

Пациентите обично бараат да им се пополнат брчките што одат од двете страни на носот до устата (назолабијални бразди), бидејќи тоа го гледаат како прв знак на стареење, но клучот на младешки изглед е во вшприцување на хијалуронот во горната третина на лицето, со што се намалуваат подочниците (се намалува растојанието помеѓу долните капаци и образите, а со тоа и постојните вдлабувања), што гарантира многу поприроден изглед.

Доколку своето лице му го доверите на искусен лекар, можете да бидете сигурни дека со вшприцување на минимално количество препарати на „вистинското“ место ќе изгледате софистицирано, но не и предимензионално, што е најголем страв на пациентите што размислуваат да се подмладат со хијалурон.

Најновите генерации на филери (3D Matrix cross linking) гарантираат долготрајност на резултатите (до две години), како и безбедноста на пациентите. Гел со голема густина буквално се стопува со кожата.

Со употреба на тапа игла (канила), со специфична техника на вшприцување (во само една точка во аголот на усните), се обезбедува максимална комфорност со минимална можност за појава на модринки и отоци.

Процедурата трае од 15 до 30 минути, а потоа пациентот може да продолжи со секојдневните активности.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
1 коментар
  1. Milica вели

    Meni je za lice najbolja krema Magija pcele na bazi pcelinjeg otrova.Vratila me je mladost.Potpuno je prirodna ,a ja prednost uvek dajem prirodi.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.