Велигденски декорации со салфетки
вој пат инспирацијата ја најдовме на социјалните мрежи и декорациите со салфетки.
Без разлика како ќе одлучите да ги украсите велигденските јајца, декорацијата надополнете ја со пкатнени или хартиени салфетки.
Не мора да е ништо комплицирано. Салфетките свиткајте ги во ролна односно во тесна лента, а потоа со неа обвиткајте го велигденското јајце. На врвот на јајцето, каде се спојуваат двете страни од лентата, ставете ластиче или пак конче, па додадете гранки суво цвеќе, или пак панделки, тантела или пак свежо цвеќе.
Ставете ги во некоја убава стаклена чинија или декоративен сад кој инаку го користите за празнични декорации и ќе видите колку веднаш просторот ќе ви се разубави.
Ако сакате некому да подарите велигденски јајца, на оваа декорација можете да додадете и картичка со име и подарокот да го направите персонализиран.
Едноставно, а многу ефектно, па при ваквото декорирање ќе се снајдат дури и оние што не се толку вешти со рацете или пак не се сметаат за доволно креативни.
Веруваме дека фотографиите во продолжение ќе ви ја разбудат креативноста и инспирацијата.
Погледнете:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram