Овој трик со пудра на Хејли Бибер гарантира совршен тен!

Трикот со пудра на Хејли Бибер стана вирален и со добра причина – кожата на сите изгледа беспрекорно! Еве за што се работи.

Хејли Бибер ни дозволува да влеземе во нејзиниот свет на рутини за дотерување на ТикТок уште пред да го лансира својот бренд. Сепак, особено ни остави впечаток едно видео – постигнувањето на подлогата „глазирана крофна“, која ја осмисли за вечерна шминка.

Имено, откако ја подготви кожата, Хејли нанесе бронзер пред подлогата за да создаде бронзен ефект додека суптилно го обликува лицето. Потоа, во генијален потег, Бибер измеша неколку капки од течната пудра со серумот. Смесата ја нанесе на лицето со влажно сунѓерче креирајќи блескава основа.

По нанесувањето пудра, Бибер се нурна во коректорот за да ја осветли и дефинира областа под очите, носот, челото и линијата на вилицата. Коректорот го прицврсти со пудра во прав, нанесувајќи го производот на местата каде што сакаше да избегне сјај, како под очите, назолабијалните набори, челото, брадата и вилицата.

Откако заврши со тенот, Бибер нанесе малку гел за веѓи на четката за да креира пердувести веѓите. А потоа нанесе светло розоворуменило на образите. За да се осигуриа дека руменилото ќе ѝ трае цела ноќ, прво нанесе крем-руменило, а потоа и руменило во прав.

Потоа, за да креира кул-ефект на шминката на нејзиниот порцелански тен, таа употреби палета на сенки за очи за да ги истакне врвот на јаболчните коски и на носот.

И, конечно, шминката ја заокружи со уште еден слој хајлајтер за да ги вклопи розовите тонови во кожата.

@haileybieber A lil New Years Eve glam 🙆🏼‍♀️ eyes by @kyliejenner ♬ Lo-fi hip hop – NAO-K

Видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.