Вака го прави тоа: Секојдневната рутина за разубавување на Џенифер Анистон

Актерката ги откри тајните на својата секојдневна рутина за убавина која ѝ помага да изгледа помладо и во петтата деценија.

Сите ѝ се восхитуваме на одличната физичка форма, блескавата здрава кожа и феноменалните кадрици на 53-годишната Џенифер Анистон. Актерката не дава често интервјуа и не зборува за своите тајни на убавината и младешкиот изглед, но – овој пат одлучи да се отвори. Ако ве интересира како го прави тоа Џенифер Анистон – на вистинското место сте.

Сакам кога секојдневната шминка ми е минимална. Розов кармин, слој маскара и можеби малку крем-руменило, изјави Анистон во интервју за австралиското издание на магазинот Marie Claire.

Кога би можела да избере само пет производи за својата шминка, тоа би биле маскара, мелем за усни, добар кармин, коректор и парфем. Кога сме кај парфемите – Џенифер претпочита мириси на дрво, кафе и мошус.

Нега на кожата на Џенифер Анистон Ѕвездата редовно користи средства за чистење и навлажнување на кожата и тие отсекогаш биле главен дел од нејзината рутина за нега на кожата. Уште една нејзина тајна: таа користи крем со заштитен фактор во текот на целата година. А кога лета или патува, Џенифер користи термална вода, хидратантни маски, балсами за усни и капки за очи за сувост.

Нега на коса Џенифер Анистон Актерката користи хранлива маска за коса еднаш неделно и често ја остава косата природно да ѝ се исуши за да избегне оштетување предизвикано од жешките алатки за стилизирање. А ако ве интересира како таа постигнува такви примамливи бранови без жешките алатки – прочитајте овде.

Фитнес рутината на Џенифер Анистон

Што се однесува до одржувањето на витата линија, Анистонима здрава и урамнотежена исхрана во која доминираат протеини и масти, а исто така тренира секој ден по час и половина.

Ѕвездата не се придржува до еден вид фитнес-рутина, туку наизменично балансира помеѓу јога, пилатес, трчање, бокс, тренинзи за сила, па дури и елементи на балет.

Покрај интензивниот тренинг, актерката не заборава на ритуалите за релаксација. Таа сака да медитира, да го шета своето куче и да прави домашен спа-третман во недела.

Текст: Н. Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.