Медовата нијанса на косата на Бела Хадид е совршен избор за сите русокоси со потемен тен

Дознајте како да ја постигнете!

Медово-русата коса е новото издание на популарната манекенка. Оваа светла нијанса им одговара на девојките со потемен тен.

Иако за многу фанови кои се навикнати на нејзиното темнокафено издание, оваа промена е изненадување, факт е дека медената руса коса е многу поблиску до природната боја на косата на моделката. Хадид стана бринета во 2016 година и тогаш изјави за „Алур“ дека темнокафената боја повеќе ѝ одговара на нејзината „темна личност“.

Сега, шест години подоцна, таа ѝ се врати на својата природна боја на коса.

Медово-руса коса: на кого му одговара?

Оваа нијанса има топол подтон и златен сјај што ја прави апсолутно погодна за сите девојки со потемен тен. Најдобро од се’? Бела Хадид ни покажа како можеме да носиме медова боја со потемна основа, без да мораме да трчаме на фризер секои две недели: добар колорист може совршено да ги усогласи потемните корени со златните руси врвови.

Инаку, оваа боја е одлична опција за потемните девојки кои се обидуваат да ја осветлат косата или само да ја освежат кафената коса.

Како да изберете нијанса на руса коса кога имате потемен тен?

Првото и најважно правило, според колористот Кевин Марфи, е вашиот фризер да ја избере вистинската златна нијанса што му одговара на вашиот тен. Кога ја осветлувате косата, неопходно е да постигнете премин, кој на вистински начин ќе ги спои вашите изветвени прамени со природната боја на косата. Тука е најважна улогата на вашиот фризер.

Исто така, побарајте од фризерката да ги извлече светлите прамени покрај вашето лице – на овој начин промената ќе изгледа подрастично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Текст: Хана Дунѓеров

Видео и фото: Инстаграм

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.