Здрава, сјајна и чиста кожа без акни? Возможно е – ако ги вклучите овие состојки во вашата рутина за нега!

Збогум акни!

Дознајте кој е клучот за беспрекорна кожа

Еден од најефикасните домашни трикови кои сме ги пробале во борбата против здодевните акни е нанесувањето на паста од аспирин и малку вода на засегнатото место. Всушност, салицилната киселина е она што ни помогнало во процесот на чистење на лицето, како една од активните компоненти содржана во аспиринот.

Какво е дејството на салицилната киселина?

Денес, салицилната киселина е меѓу најраспространетите состојки во производите за нега на проблематичната кожа, благодарение на нејзиното ефикасно противвоспалително, комедолитичко, аналгетско и антисептичко дејство.

Природниот извор на салицилната киселина се наоѓа во белата врба (салицин), а самата спаѓа во групата на бета-хидроксилни киселини, попознати како BHA, кои поради своите хемиски својства полесно се растопуваат во масла, отколку во вода.

Токму затоа, салицилната киселина е еден од најсилните сојузници на мрсната кожа – го регулира прекумерното лачење на себум, одлична е и во длабинското прочистување на порите, микроексфолијација, освежување на тенот и текстурата на кожата и намалување на хиперпигментациите и дамките од поранешни неправилности.

 

Кои производи ја содржат?

Olival Микроексфолијант е иновативен пилинг кој ги спојува хемиската и механичката ексфолијација. Формулиран на база на салицилна киселина (застапена со дури 1%), рицинусов восок, биотин и алантоин, овој производ е совршениот прв чекор во рутината за нега на кожата.

Вклучете го и ретиналдехидот во вашата рутина!

Уште една моќна состојка во борбата против акните и хиперпигментациите од неправилности е ретиналдехидот. Во комбинација со астаксантин, липиден комплекс на биоидентични церамиди и церамидни прекурсори, алантоин и алое вера делува исклучителн оантиоксидативно, превенира и ублажува фотооштетувања на кожата, ја обновува хидролипидната бариера и придонесува за балансираното лачење себум.

Покрај тоа, го спречува предвременото стареење, ги враќа еластичноста и свежиот изглед на кожата, а е содржана во формулацијата на Olival РА серумската емулзија со лесна, гел-текстура и свиленкаста конзистенција, без вештачки бои и мириси.

Не заборавајте и на природните состојки!

Природните состојки можат да бидат особено ефикасни во борбата против мрсната кожа склона кон неправилности, доколку се правилно искомбинирани и во соодветен размер. Olival Omega Eliksir е хранливо масло погодно за сите типови кожа, вклучувајќи ги комбинираната и мрсната. Овој маслен комплекс претставува нутритивно богатство со прозрачна текстура, кое ја смирува, омекнува и длабински ја храни кожата.

Покрај тоа што може да се користи самостојно, одлично ја дополнува ноќната рутина на кожата и е добар избор за нанесување по Olival Микроексфолијантот. Се впива со леснотија, делува обновувачки и штити од УВ зрачењето, ниските температури, загадувањето и чадот од цигари.

Olival Professional, Tesori Di Mare е незаменлива бјути-ѕвезда во категоријата нега против акни!

ЗБОГУМ, АКНИ! Дознајте како да ја негувате кожата на природен начин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.