Нега по студените денови: Кои производи се најефикасни за хидрирана и здрава кожа?

Студениот воздух, ветрот и мразот придонесуваат кожата на лицето да дехидрира, а и престојот во многу затоплени простории исто така остава своја трага.

Затоа, неопходна е нега за лице што содржи дополнителни состојки за нега, вода, хијалуронска киселина, глицерин, со поголем капацитет за врзување вода. Доколку сте во можност, нанесувајте крем повеќепати во текот на денот, а не само во рамките на утринската и вечерната нега.

Факторите на животната средина, недостигот на сон и стресот ја оштетуваат кохезијата на кератиноцитите и кожната бариера, притоа намалувајќи ја влагата на кожата. Како резултат на тоа, кожата станува сува и дехидрирана.

Neutrogena® се свесни дека хидратацијата е суштински предуслов за здрав изглед на кожата. Поради оваа причина, создале технологија на Хијалуронска гел-матрица, уникатна иновација од Азија, која ја хидрира и обновува кожата директно, однатре и однадвор.

Како ова функционира?

Однатре:

Благодарение на своето ефикасно дејство, таа успева да ја зачува влагата во кожата. Содржи хијалуронска киселина, која се задржува до 1000 пати повеќе од својата тежина во вода.

Однадвор:

Оваа формула создава „депо за хидратација“ од кое влажноста се ослободува во клетките на кожата, со што ја одржува хидрирана и цврста. Во исто време, ја зајакнува бариерата на кожата, а благодарение на глицеринот и маслиновото масло, го спречува губењето на влажноста, што резултира со мек и мазен изглед на кожата.

Мехнизмот на дејство на Hyaluronic Gel Matrix

Ја навлажнува и ја поправа кожната бариера однатре и однадвор.

  • Единствена структура на течни кристали, интегрирана во хидрогел системот
  • Содржи емулгатори кои имитираат липиди на кожата и се поврзани со зголемено ниво на ендогени керамиди и слободни масни киселини во кожата.
  • Нуди хидратација која трае до 48 часа оставајќи чувство на мекост и цврстина.

Изберете соодветна рутина за нега на кожата која ќе ви овозможи совршен изглед и неверојатен сјај, како во текот на студените денови, така и по нив.

Токму Neutrogena Hydro Boost Water Gel е најсовремената технологија за хидрирана кожа преку целиот ден и нашата #BEAUTY ЅВЕЗДА ВО КАТЕГОРИЈА: ИНОВАЦИЈА. 

 

ФОТО: Getty Images, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.