Колку често треба да користите маска за лице? Сè зависи од ова!

Важно е да се знае

Природните маски се најбезбедни за користење – тука нема сомнеж!

Колку често треба да користам маска за лице? Прашање кое сигурно сте си го поставиле барем еднаш. Краткиот одговор? Зависи. Од типот на кожа, индивидуалните потреби и реакции, како и од маската што ја користите. Некои маски најсоодветно е да се користат еднаш неделно, додека други се погодни за почеста употреба, но најмногу до трипати во неделата, зависно од видот на маска, состојките кои ги содржи и нивниот интензитет и дејство врз кожата.

Како да одберете соодветна маска за лице?

Природните маски за лице се едни од најбезбедните во однос на ризикотод иритации. Овие маски се едноставни за подготовка и нанесување, а намирниците од кои се состојат сигурно веќе ги имате дома.

Но во недостиг на време, динамичното секојдневие нè принудува да избереме брзо, а безбедно решение со сигурна ефикасност, кое ќе даде вистински резултати. Оттука, домашно подготвените маски за лице не секогаш се прв избор – но, без грижи! Суперхраната отсега е и во служба на негата!

Намирниците кои се исклучително богати со нутриенти, односно содржат висока хранлива вредност, благотворно влијаат врз целиот организам кога ги консумираме, а имаат значително влијание и големи предности и кога се нанесуваат директно на кожата.

Super Food маските се идеалниот избор!

Super Food маските содржат 95% природни намирници – не предизвикуваат иритации, моментално ја смируваат и хранат кожата, оставајќи ја чиста и свежа.

Боровинките се одличен антиоксидант кој ги штити клетките, а збогатени со освежителни малини можете да ги најдете во Super Food маската за хидрирана и сјајна кожа и лице исчистено до перфекција.

На кожата склона кон мастење и неправилности ѝ е потребна посебна нега, а маските од глина се совршени за чистење и изедначување на текстурата и тенот – Super Food маската со мача, моринга и чиа семе го прави токму тоа, а ѝ ја пружа на кожата и потребната хидратација.

Канабис сативата сè почесто ја сретнуваме во производите за здравје и нега на кожата, а во Super Food peel-off маската нејзиното благотворно и смирувачко дејство е надополнето со мирисна куркума и мед, познат по неговите антибактериски својства.

Мазна кожа и осветлен, изедначен тен! Богатата текстура на авокадото ја храни кожата на посебен начин, а збогатено со фино иситнети ореви и алое вера за смирување претставува вистински избор за кожата на која ѝ е потребна нежна ексфолијација и хранлива нега, во исто време.

Маските Super Food, 7th Heaven се нашата бјути-ѕвезда во категоријата маски за лице!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.