ЗБОГУМ, АКНИ! Дознајте како да ја негувате кожата на природен начин!

Природна козметика за здрава и чиста кожа

Како да се ослободите од акните еднаш засекогаш?

Постигнувањето и одржувањето беспрекорно чиста кожа е секојдневен предизвик за многумина. Покрај адолесцентите, акните и проблематичнатата кожа се една од најраспространетите и најчестите состојби и кај возрасните на глобално ниво.

Кои се главните причини за овој проблем?

Како со секоја состојба на кожата, неправилностите се знак на нерамнотежа во организмот предизвикана од хормонални проблеми, слаб дигестивен систем и интолеранција на храна или пак од несоодветен избор на производи кои се користат за лекување на процесите кои се јавуваат на површината на кожата.

Една од најчестите грешки во грижата за мрсната и проблематична кожа е пресушувањето со агресивни средства за чистење со висока концентрација на хемиски состојки. Всушност, производите со помал број внимателно одбрани состојки на долг рок можат да дадат многу подобри резултати.

Добрата вест е дека вистинските производи, соодветната рутина и конзистентноста докажано победуваат во оваа борба!

Кои состојки се најмоќните сојузници во борбата со акните?

Салицилната киселина има докажано позитивно дејство врз комбинираната, мрсна и реактивна кожа склона кон неправилности во вид на проширени пори, отворени и затворени комедони, мозолчиња и акни. Има противвоспалително и комедолитичкодејство (спречува и ублажува појава на комедони), длабински ги чисти порите и го спречува нивното запушување, го регулира лачењето на себумот, ги отстранува мртвите клетки на кожата, го освежува тенот и постепено ја ублажува видливоста на флеките и хиперпигментацијата.

Застапена со 1%, оваа ефикасна состојка можете да ја најдете во иновативниот пилинг во форма на прав – Olival Микроексфолијант. Збогатен со зрна на рицинусов восок за ефект на механички пилинг, биотин и алантоин, ги отстранува мртвите клетки од кожата, ја чисти темелно, ѝ ја враќа нежноста и сјајот подготвувајќи ја за рутинска нега.

Уште една моќна состојка во борбата против акните и хиперпигментациите од неправилности е ретиналдехидот. Застапен во моќна концентрација од 0,1% во Olival РА Серумот, покрај тоа што ја лекува и чисти проблематичната кожа, оваа концентрирана серумска емулзија помага при реконструкција на кожата и спречување на предвременото стареење, а не содржи вештачки мириси и бои.

Прекумерното исушување на кожата поттикнува зголемено лачење себум, па важно е таа да остане навлажнета и нахранета и да се спречи трансдермалното губење на вода. Ваш сојузник во ова е Olival Омега Еликсир! Делува регенеративо, а е и одлична превентива против штетните надворешни влијанија како УВ зрачењето, ниските температури, ветер, смог, чад од цигари. Брзо апсорбирачкиот маслен комплекс е базиран на нутритивните богатства на сквалан од маслиново масло, масла од авокадо, чиа семе, семки од капини и жолто ноќниче. Се апсорбира со неверојатна леснотија, а кожата ја остава мека, еластична и заштитена.

Доволно причини за да почнете да ја користите оваа бјути-ѕвезда, се согласувате?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.