Придобивки од користење нане на лицето

Сјајен изглед

Користете нане, претпоставуваме, за готвење или како „помош“ за ублажување на главоболките, гадење… и сега е време да го тестирате како растение за нега на лицето!

Од малата сензација на пецкање што се јавува при првиот контакт со кожата, до подобрување на тенот – има неколку работи што не прават да ги сакаме супстанциите што се наоѓаат во нането.

Еве како нането делува на лицето

Поради антибактериското дејство на ментол, нането може да му даде на лицето сјаен и чист изглед, да се бори против митесерите и акните, па дури и да го осветли тенот. Исто така, ја лади кожата и со своето антисептичко дејство помага во ублажување на иритациите по каснување од инсекти.

Како правилно да се користи нане?

Нането може да има силен ефект, затоа мора да бидете претпазливи кога го нанесувате на лицето. Најдобро е да користите производи кои се развиени специјално за нега на лице. Ако направите сопствен производ за нега на кожата, внимавајте кога избирате масло од нане. Имено, не секое масло (во зависност од видот на нане) е погодно за директен контакт со кожата.

Важно! Ако нането е премногу силно за кожата, може сериозно да ја иритира. Затоа, најдобро е секогаш да се применуваат разредени масла од нане (на пр. со вода или алое вера). Ова е особено значајно за жени со чувствителна кожа.

Прочитајте и: Направи сама: Мирислив пилинг од кафе за свиленкаста кожа!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.