Направи сама: Мирислив пилинг од кафе за свиленкаста кожа!

Едноставно и ефективно

Не треба многу да се зборува за придобивките од отстранување на мртвите клетки на кожата, т.е. ексфолијација, постојат безброј техники и средства што се нудат, и можно е да направите ваша домашна варијанта.

Кожата од која се отстранети мртвите клетки е мека и свиленкаста на допир, бидејќи ексфолијацијата ја подобрува нејзината текстура и ја прави кадифена. По отстранувањето на слоевите на мртва кожа, нивното место ќе го заземат целосно нови клетки што ќе ве направат да изгледате посвежи. Затоа нема причина зошто да не ѝ овозможите на кожата еден миризлив пилинг по што ќе заблеска.

Природниот домашен пилинг може да се направи многу лесно, а кога станува збор за пилинг на телото, најчесто се користи сол, шеќер или палента, заради текстурата што механички темелно ги отстранува мртвите клетки на кожата.

Истиот ефект може да се постигне со мелено кафе или талог од подготвеното „турско“ кафе. Талогот на кафе најдобро се меша со есенцијални масла кои имаат можност дополнително да го намалуваат целулитот.

Пилингот секако е погоден за употреба на кожата на целото тело, додека се препорачува да го оставите неколку минути на деловите каде е видлив целулитот. Ако имате чувствителна кожа, не заборавајте да го триете нежно за да избегнете непотребна иритација или црвенило.

https://www.instagram.com/p/BlXufmxn8l0/?utm_source=ig_embed

За да го подготвите пилингот ви е потребно: 

  • 1 чаша мелено кафе или талог
  • 1/2 чаша ладно цедено масло по ваш избор (препорачуваме кокосово)
  • 10-15 капки есенцијално масло од портокал, рузмарин или чемпрес
  • за подобар ексфолирачки ефект, се препорачува додавање на шеќер

Ексфолиацијата не треба да се користи повеќе од еднаш неделно за да не се оштети премногу кожата. Понекогаш е подобро да се остави кожата сама да се опорави. Ако имате чувствителна и сува кожа, треба да се третира со пилинг на секои 15 дена или слично. Луѓето кои имаат над 30 години не треба премногу често да користат пилинзи на телото, но подобро е да користат лосиони и природни масла.

Прочитајте и: Маска од кечап и овошен шампон: Необични рутини за убавина на познатите личности

 

ФОТО: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.