Ниацинамид – нов суперхерој во нега на кожата

Неверојатни придобивки!

Фото: Getty Images

Дали користите ниацинамид? Овој тип на витамин Б ви гарантира заштита на кожата и контрола на себумот. Откријте ги суперсилите на оваа козметичка состојка.

Ниацинамид се чини дека е новиот суперхерој кога станува збор за нега на кожата. Во случај на сува, оштетена кожа, помага да се создаде здрава бариера. Кај мрсна кожа, тоа влијае на подобра контрола на секрецијата на себум, а ефективен е дури и при хиперпигментација и нерамномерен тон на кожата. И за сето тоа, доволна е концентрација од 2 до 5 проценти.

И, тогаш како да не сакаме да ја вклучуваме оваа состојка во секојдневната рутина за убавина?

Како да изберете производ базиран на ниацинамид?

1. Осигурете се дали веќе го користите

Прочитајте ја декларацијата за производите што веќе ги користите. Ќе се изненадите кога ќе откриете дека некои од нив веќе ја содржат оваа состојка. Клучно е правилно да го вклучуваме ниацинамидот во нашата рутина, што значи дека не го користиме премалку или премногу.

2. Целта е ниацинамидот да биде во хидратантна крема

Една од најголемите јаки страни на ниацинамидот лежи во фактот дека тој оди добро со другите состојки. Наместо да му посветите цел чекор на вашата рутина за убавина со ниацинамиден серум, едноставно одлучете се за хидратантна крема што ја содржи оваа состојка, па дури и нема да ви треба серумот. Плус, ќе се ослободите од непотребниот неред. А, времето е пари!

3. Проверете го списокот на состојки

Кога купувате нов производ, многу е важно да ја проучите декларацијата за производот. Доколку нема список за проценка, проверете дали ниацинамидот е во првите седум состојки. Од друга страна, ниацинамидот е една од најефикасните активни состојки. Значи, кога станува збор за избор на формула, важно е производот да содржи оптимална количина на ниацинамид, и сè друго е исклучиво прашање на вашите лични преференции.

Најчесто поставувани прашања во врска со ниацинамид

П: Дали има разлика помеѓу витамините Б кои се користат во производите за нега на кожата?

О: Два витамини од групата Б кои се користат за нега на кожата се ниацинамид и пантенол. Овие се сосема различни молекули. Пантенолот не се бори против пигментацијата, за разлика од ниацинамидот, но многу подобро ја хидрира кожата. Претпочитаме комбинација од обете!

П: Кремот што го користам има 30% ниацинамид. Дали тоа значи дека е поефикасно?

О: Повеќе не секогаш значи подобро здравје на кожата. Студиите покажаа дека треба да има 2-5% ниацинамид во производот. Процент од 30 не значи дека производот е шест пати поефикасен од оној кој содржи 5% ниацинамид. Наместо тоа, постои ризик од иритација, со оглед на таквата висока концентрација на ниацинамид.

П: Дали сите производи со ниацинамид се слични?

О: Ниацинамид е стабилна состојка. За разлика од витамин Ц и ретинол, не мора да се грижите за стабилноста. И за разлика од киселината, не мора да се грижите ниту за pH. Затоа, освен процентот (концентрација) во составот, производите базирани на ниацинамид се генерално слични.

П: Може ли ниацинамидот да доведе до зголемена секреција на себум?

О: Не може! Ова е всушност најдоброто нешто во врска со ниацинамидот – создава подобра заштитна бариера. Оваа состојка истовремено го регулира себумот и ја подобрува хидратацијата.

Прочитајте и: Што се случува со вашата кожа во текот на ноќта ако не го исчистите лицето правилно од шминка?

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.