Не постои нешто што нема оперирано: Еве како изгледала Донатела Версаче пред да се изобличи!

Некогаш и сега

Сите речиси заборавија како изгледаше лицето на Донатела Версаче пред многуте пластични операции

Иако Донатела Версаче (66) е една од најголемите модни легенди во чии креации и денес уживаме, со текот на времето сé повеќе ѝ се замерува поради тоа што претерала со естетските зафати.

Малку останало од природната убавица со полни усни, а причината за тоа се многубројните и честопати непотребни пластични операции, по кои денес е попозната од своите дизајни и кариерата.

И додека другите верно ги следат трендовите што таа ги пропагира во своите колекции, како што се моментално многу популарните платформи „Версаче“, што сите трендсетерки ги набавиле, Донатела му останува верна на својот имиџ што не го менува со години: руса коса, филери, ботокс и црна сенка.

Кога еднаш ја прашале Донатела Версаче дали планира некогаш да ја врати својата природна боја на коса, која со децении ја бојосува сребрено руса, Донатела изнервирано одговорила:

„Воопшто не знам што значи природно кога станува збор за изгледот на жената. Глупости! За мене природното има поголема врска со храната или зеленчукот“.

Фотографиите од 1990-тите јасно покажуваат колку се променил изгледот на познатата Донатела Версаче.

Доктор Стив Фалек, пластичен хирург, рекол дека Донатела има правено сé: ботокс, филери, ласери за кожа.

Докторот Брус Кац од Њујорк смета дека Донатела претерала со ботоксот.

„Донатела ги има зголемено образите, веројатно со филер, секако, усните ѝ се пополнети, капаците ѝ се малку опуштени. Имала лош ботокс, бидејќи изгледаат како да паѓаат. Се чини дека имала премногу ботокс на челото и на усните“, рекол тој.

Донатела можеби никогаш не важела за типична убавица, но беше посебна и поради тоа важеше за поим за убавина според многумина. Се издвојува поради стилот и целокупниот егзотичен изглед, но она што го направила од себе со пластичните операции за многумина е шокантно.

Славната креаторка во 40-тите години изгледала доста помладо, имала природно полни усни и само по некоја брчка. Нејзината трансформација почнала на почетокот од 2000-тите.

„Не верувам дека е возможно да се остари природно. Не верувам во природната убавина кај жените“, изјавила креаторката во едно интервју од 2005.

Сепак, ни тогаш никој не можел да претпостави во што ќе се претвори.

Факт е дека уште од 1997 година е зависна од пластични операции, поради што денес честопати ја нарекуваат „жива карикатура“, бидејќи нејзиниот изглед загрижува.

И покрај сите коментари и критики, она што дополнително ги шокира луѓето  е што не планира да престане со операциите.

Ѕвезди што патолошки легнувале под нож: Се изобличиле по 100 (и повеќе) пластични операции и едвај спасиле жива глава!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.