Ремек-дело од Димитар Андоновски, Сара Мејс и група „Фонтана“: Дали е ова најубавата верзија на „Ако одам во Битола“? (ВИДЕО)

Уживајте...

Фото: Принтскрин

Ако одам во Битола“ е дефинитивно една од најубавите македонски народни песни…

Сме ја слушале во интерпретација на многу пејачи, сме слушале најразлични преработки, речиси да нема свадба, прослава, седенка во кафеана, а да не се пее оваа песна.

Но, благодарение на познатиот пејач Димитар Андоновски, оваа химна на градот Битола доби нова верзија, за која со сигурност ќе кажеме дека е една од најдобрите, ако не и најдобра досега.

Димтар се потрудил да направи нешто навистина квалитетно и нешто што ќе остане, поради кое веруваме дека неговите битолчани се горди.

Покрај него, во овој музички проект Андоновски ја поканил и неговата колешка, пејачката Сара Мејс која свири на харфа и познатата битолска група „Фонтана“.

Погледнете и слушнете:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.