Наташа (22) има тело од кое ќе ви застане паметот: Го носи епитетот секс-бомба и не крие дека е во отворена врска!

Наташа Красавина

Оваа руска убавица обожава да го покажува своето атрактивно тело на Инстаграм

Наташа Красавина (22), попозната како Ната Ли, е руска манекенка и е една од најпожелните жени на Инстаграм.

Руската секс-бомба потекнува од богато семејство, со татко бизнисмен и мајка манекенка. Отсекогаш сонувала да стане манекенка, а својата цел ја остварила така што се фотографира исклучиво за агенцијата „Марвин“. Косопственичка на оваа агенција што ја прославила е рускиот топ-модел Викторија Одинцова.

Мажите ширум светот лудуваат по атрактивното тело на Наташа Красавина, а таа заработува вртоглави суми од нејзините разголени фотографии што ги објавува на Инстаграм.

Има работено со големи модни брендови како што се Guess и Fashion Nova.

Медиумите неодамна пишувале и за новиот аранжман на убавицата по која воздивнуваат милиони, додека следбениците се прашуваат „има ли подобра од неа за да ја смени?“

Наташа дипломирала на приватен факултет во Москва, а напоредно со моделството, се занимава и со диџејство и настапува под името Диџеј Натали 007. Ја нарекуваат „најсекси диџејката на планетата“.

На нејзините атрактивни фотографии се редат коментари, како „не постои подобар задник на Инстаграм“.

Таа се фали и со нејзината голема тетоважа на десната нога, а видливо е дека на телото нема ниту еден од двата најчести недостатока на жените: целулит и стрии.


Има огромен број обожаватели, како во Русија, така и ширум светот, особено во Индија.

Приватно е во отворена врска со фотографот Александар Марвин, сопственик на споменатата агенција.

Џој и Џина направиле метеж на плажа: Какво тело имаат овие жени – секоја чест!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.