Ѕвезди што патолошки легнувале под нож: Се изобличиле по 100 (и повеќе) пластични операции и едвај спасиле жива глава!

Зависници од операции

Многу познати дами, но и мажи, издвојувале ненормални цифри за пластични операции со цел да го сменат несаканиот изглед!

Меѓутоа, некои од нив се покајале веднаш по естетскиот зафат, додека поединци за малку не го изгубиле животот поради таа постапка!

Повеќето од нив не личеле на себе по операциите, а неколку славни личности станаа синоним за неуспешни пластични операции. Погледнете за кои ѕвезди станува збор…

Изобличена од ботокс

Модната креаторка Донатела Версаче е вистински пример како може да се промени личниот опис со естетески корекции, но на полошо! Таа признала дека била зависна од пластични операции, а уште на почетокот на 2000-те стана симбол за лоша естетска хирургија поради претераната употреба на ботокс, хијалурон и силикон на усни.

Освен што го променила личниот опис, бројните пластични операции и прекумерната употреба на ботокс го загрозиле нејзиното здравје, но тоа не ја спречило да продолжи со корекциите на нејзиното лице и тело.

Во потрага по идеалот

Покојниот пејач Мајкл Џексон е еден од оние што можеше да ѝ парира на Донатела по бројот на пластични операции. Имено, за него се верува дека имал околу 100 операции. Дури 30 години се обидувал на овој начин да го достигне својот идеал за убавина.

Фото: Getty Images

Кралот на поп-музиката сакал да има совршен нос кој би се разликувал од другите, а по многуте последици од лошите операции, неговиот нос станал целосно деформиран.

Поминала низ пекол поради операцијата на градите

Пејачката Шер јавно се покајала поради естетските зафати, а во една пригода открила дека поминала низ пекол за време на операцијата на градите.

„Од сите зафати најмногу се каам поради градите. Моите операции беа ноќна мора. Градите ми се целосно искасапени, а не се постигна ништо. Дури и изгледаат полошо од претходно“, нагласила Шер.

Покрај на градите, пејачката направила голем број хируршки интервенции и на своето лице.

Откажала концерти поради липосукција

Пејачката Карди Би се соочила со сериозни здравствени проблеми поради пластичните операции, поради што одлучила никогаш повеќе да не легне под нож.

„Мразам да откажувам концерти, бидејќи обожавам пари. Зависна сум од пари. Имав корекција на градите и липосукција по раѓањето на ќерка ми. Откажувам настапи што би ми донеле милиони долари, но здравјето е здравје“, рекла Карди Би во една пригода.

Холивудските ѕвезди пред и по пластичните операции: Нема да ви се верува дека станува збор за истите луѓе!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.