Најчестите грешки што ги правиме кога вадиме шминка: Еден чекор посебно го нарушува изгледот на тенот, а го прават сите жени

Внимавајте!

Оваа грешка сигурно ја правите, а не сте ни свесни за тоа

Темелното и правилното вадење шминка е еден од главните фактори што влијаат врз изгледот на кожата на лицето. Без разлика колку лесна шминка користите, таа мора темелно да се отстрани од лицето, бидејќи во спротивно може да предизвика огромни проблеми.

Доколку шминката се задржи на лицето, таа може да се затне и да ги извалка порите, а тоа подоцна може да предизвика појава на акни кои се болни и не изгледаат воопшто привлечно.

Освен тоа, нессодветно исчистената кожа изгледа уморно и дехидрирано.

За да дише кожата и да има простор за регенерација, треба целосно да ја отстраните шминката. Иако ова им е очигледно и јасно на сите, често се случува шминката да ја отстраниме само со марамчиња за вадење шминка или невнимателно да преминеме преку лицето со некое средство, а дерматолозите предупредуваат дека токму влажните марамчиња се главната причина за сите проблеми со тенот.

Размислете дали баш секоја вечер темелно го миете лицето и ги отстранувате сите траги од пудра и останати производи?

Најголемата грешка е токму вадењето на шминката со влажни марамчиња. Тие само навидум ја отстрануваат шминката, но иако се чини дека веќе ја нема на лицето, таа останува во ситните пори, кои многу лесно се затнуваат и потоа настануваат многу сериозни проблеми. Честата употреба на марамчиња доведува до сериозен ризик од појава на акни, па затоа нивната употреба сведете ја на минимум.

Следната честа грешка што многу дами ја прават е интензитетот на отстранување шминка. Се верува дека колку движењата се поинтензивни толку полесно ќе се отстрани шминката, но станува збор за заблуда.

Напротив, на лицето му се неопходни нежни двжења. Триењето на лицето со производ што ја отстранува шминката би требало да трае барем една минута за добро да се апсорбира во кожата и да почне да дејствува.

Понекогаш се случува да бидеме преизморени и само сакаме да си легнеме во кревет, па во тие ситуации брзаме да ја отстраниме шминката и тогаш се случува таа во траги да остане во порите. Несоодветно отстранетата шминка речиси исто толку го нарушува изгледот на кожата колку и спиењето со целосна шминка.

Одбегнувајте ги грубите движења, бидејќи тие само можат да предизвикаат осип, црвенило и алергии.

Уште една важна работа е за лицето да користите посебен пешкир, што многумина не го прават. Доколку го користите истиот пешкир за бришење раце и лице, од него правите плодно тло за развој на бактерии.

Отстранувањето на шминката е едноставен процес, но треба да го сфатите сериозно, бидејќи само така кожата ќе ви биде здрава и блескава.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.