Мишел Фајфер е 25 години во брак со овој човек: Сите други би побегнале, но тој останал покрај неа!

Во добро и во зло!

Ова е тајната на среќниот семеен и брачен живот на Мишел Фајфер

На почетокот од секоја врска или брак постои таа магија, неверојатна привлечност која избледува како што минува времето. Но во случајот на Мишел Фајфер и Дејвид Кели, љубовта не избледува дури ни по 25 години.

Приказната за нивната љубов е неверојатна и може да биде тема за љубовен филм.

https://www.instagram.com/p/ByEDoILpVhk/?utm_source=ig_embed

Имено, Мишел Фајфер по неуспешниот брак со актерот Питер Хортон, во јануари 1993 година го запознала Дејвид Кели. На состанок на слепо и тоа во куглана!

Венчавката се одржала 10 месеци по нивното запознавање на 13 ноември 1993 година. Дури и пред да го запознае Кели, актерката почнала процес на посвојување а во март 1993 година станала мајка на девојчето Клаудија Роуз Фајфер. Во август 1994 година актерката го родила синот Џон Хенри Кели.

https://www.instagram.com/p/BwfEMI5J39R/?utm_source=ig_embed

„Го одбрав Дејвид и никогаш не зажалив. Верувам дека имав среќа како никој друг… Дури и сега по 25 години од нашиот прв состанок, не земам се’ здраво за готово“, им раскажала Мишел на новинарите.

„Признавам, никогаш не сум сретнала маж кој е почесен и ппопристоен од мојот сопруг. Искрено, го почитувам поради се’: поради одличниот ум и чувство за внимание и нежност. Сигурна сум дека тоа е најважно – да го почитуваш партнерот. Бидејќи, колку и да е тој величествен, ако не го почитувате или сте арогантни, вашата врска е осудена на пропаст.“

Мишел Фајфер открила дека среќната и силна врска е работа на обата партнера.

„Животот се состои од избори и, за жал, не постапував секогаш правилно. Дури кога го запознав Дејвид сфатив дека конечно го направив најважниот и најправилниот избор во животот. Јас и мојот сопруг навистина се спријателивме. И факт е дека неуморно работиме на нашата врска. Во животот ги имаме истите вредности, двајцата сме одговорни за работата и семејството. И што е најважно, се почитуваме меѓусебно.“

https://www.instagram.com/p/Bs3Rf8HB7Sv/?utm_source=ig_embed

Како успеале да ја задржат љубовта и страста?

„Тајната на среќата во бракот? Тоа воопшто не е тешко! Но тајните што имаат ефект кај мојата сопруга, никогаш никому нема да му ги откријам! Тајната за нашата среќа? Сериозно, претпоставувам дека смислата е во тоа што искрено се сакаме и секогаш се држиме за раце.“, изјавил сопругот.

Ни Мишел ни Дејвид не се совршени, но во едно секогаш се одлучни: кога им е тешко во животот, се потпираат еден на друг.

На пример, кога Мишел го запознала Дејвид била во процес на посвојување дете. Тој ја поддржал нејзината одлука и го заменил таткото на бебето.

„Го гледав Дејвид во разни ситуации. И во оние што ги одбиваат момците и ги принудуваат да побегнат“, признава Фајфер.

„На пример, прво станавме родители на посвоено дете, па дури потоа се венчавме. Тоа не го исплаши мојот сопруг, туку само уште повеќе ја зајакна нашата врска!“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.