На овој начин можете да бидете сигурни дека вашата сенка за очи ќе трае цел ден

Совети од експерти

Добрата вест е дека постојат одлични и достапни производи кои ѝ прават добро на вашата кожа и ја одржуваат сенката за очи.

Нема ништо понепријатно од вложување време да се создаде совршена шминка на очите, а таа наскоро да се уништи од мрсни очни капаци. Нема ништо забавно во тоа кога шминката се лизга надолу по лицето. Но, не плашете се.

Тука сме да ви кажеме како да постигнете долготрајна шминка за очи ако имате мрсни очни капаци, вклучувајќи совети за шминка кои се апсолутно неопходни за да се најде начин еднаш и засекогаш да се постигне совршена шминка, според студијата на „Хело Гиглс“.

Решавањето на овој проблем се сведува на користење производи кои ги матираат очните капаци и се држат до сенката во прав за да ја одржуваат на место во текот на целиот ден.

Има врска со масните жлезди на кожата. Дерматологот треба да изврши проценка ако чувствувате дека вашата кожа е претерано мрсна.

Но, добрата вест е дека постојат одлични и достапни производи кои ѝ прават добро на вашата кожа и ја одржуваат сенката за очи.

Измијте го и исчистете го лицето

Решавањето на мрсни очни капаци започнува уште пред да земете четка за сенки во утринските часови. Чистењето на лицето пред да ставите шминка е клучен чекор во процесот.

Секогаш е препорачливо да го миете лицето наутро. Кога ставате шминка, не сакате нечистотија или бактерија од вашата перница на лицето. Вечерта, не прескокнувајте да ја отстранувате шминката што сте ја носеле во текот на денот. Чистачите на основа на масло се идеални за темелно отстранување на дури и водоотпорна шминка.

Тие се нежни за кожата, додека ја отстрануваат дури и најтврдокорната шминка.

Дури и ако брзате наутро, треба да бидете сигурни дека кожата е сува пред да ставите шминка. Не сакате вашата шминка да се меша со други производи на вашата кожа.

Применете квалитетна основа

Нанесете основа пред да нанесете шминка. Не е трик! Тоа ви помага да направите вашата шминка да трае подолго. Добро е да го нанесувате дури и ако носите само пудра без сенка зашто тогаш ќе трае цел ден. Без основа, шминката обично исчезнува во рок од три до пет часа, во зависност од тоа што правите и дали се потите. Сенката за очи ќе се прилепи убаво на кожата и ќе избегнете натрупување на боја во наборите на очните капаци.

Омилена палета на сенки

Откако ќе ја нанесете подлогата, подготвени сте да создадете беспрекорен изглед. Изберете ги омилените нијанси и играјте со засенчување на начин што ја нагласува бојата и обликот на вашите очи без страв дека по некое време ќе ви се замагли посакуваниот изглед.

Фиксатор во спреј

Сега, кога имате сенка за очи која нема да се помрдне, има еден последен совет што се препорачува за вистински долготраен изглед. Користењето на спреј за фиксирање ќе ви помогне да ја одржувате шминката цел ден, особено ако ја носите повеќе од осум часа.

Прочитајте и: Пилингот е чекор за нега што не треба да го прескокнувате

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.