Едноставни навики што ќе ви помогнат усните да ви бидат мазни и во зима

За сочни бакнежи

Кожата на усните е тенка и нежна, подложна на пикање и сушење. Овие десет совети ќе ви помогнат да ги одржите усните меки и сочни во текот на целата зима!

1 Немојте да се оближувате!

Кога ви се суви усните, природно е да посакате да ги навлажните. Но со нивно оближување ќе постигнете спротивен ефект. Плунката дополнително ја суши осетливата кожа на оваа регија, па добро би било да се ослободите од оваа навика.

 

2 Употребувајте балсами со хранливи и хидратантни состојки

Во составот на препаратот за нега на усните треба да се содржани ши-путер, алое, глицерин, пчелен восок, витамин Е, ланолин, декспантенол… Избирајте ги оние што содржат СПФ, бидејќи и зимското сонце може да ја изгори нежната и незаштитена кожа на усните.

3 Исклучете ги потенцијалните алергени

Ако по нанесувањето на балсамот на усните забележите дека кожата поцрвенува и отекува, веднаш откажете се од него! Голема е веројатнста да сте алергични на некоја состојка во препаратот.

4 Направете маска од мед

Оваа состојка ќе им обезбеди на вашите усни влага, ќе ги нахрани и ќе ги смири. Прекријте ги усните со мед и оставете го да дејствува врз нив 5 минути. Уште една работа  нема потреба да го отстранувате од нив!

5 Немојте да ги грицкате и да ги триете усните

Можеби имате навика да ги лупите или триете испуканите усни, но на тој начин создавате ранички и пукнатини на нив и ја влошувате состојбата. Отстранете го мртвиот слој клетки од површината на усните со помош на чиста четка за заби, со нежни кружни движења, а потоа нанесете на нив дебел слој балсам кој ќе ги смири.

6 Дозволете им масажа на своите усни

Не станува збор за шега! Масажа од само 5 минути со хранливо масло во текот на тенот ќе ја подобри циркулацијата во усните и ќе го потпомогне снабдувањето со хранливи материи од крвта.

7 Не заборавајте ја ноќната нега

Голем број од нас спијат со отворена уста. Осумчасовното вдишување и издишување на воздухот низ устата може сериозно да ги исуши усните. Размислете да инвестирате во навлажнувач на воздухот и поставете го во просторијата во која спиете.

8 Избирајте хидратантни кармини

Денес ни се достапни хидратантни кармини, кои истовремено ја негуваат и ја хидрираат кожата на усните, па имајте го тоа на ум следниот пат кога ќе се упатите во продавница и почестете се со нов хидратантен кармин.

9 Внимавајте на исхраната

Ако ве мачат суви усни веќе подолго време, време е да направите одредени корекции во режимот на исхрана.

Зголемете го консумирањето на витамин А, витамин Б3, витамин Б12, цинк.

10 Некогаш сувите усни бараат стручна помош

Понекогаш, и покрај преземените мерки, резултатите може да изостанат, па доколку дојде до тоа, побарајте стручна помош!

 

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.