Дали знаете дека кремот за околу очи се нанесува само со еден прст и со кој?

Да се нанесе кремот за подрачјето околу очите не е толку лесно како што изгледа… така барем тврдат дерматолозите.

Дали знаете со кој прст треба да го нанесете кремот за околу очите и зошто? Дерматолозите велат дека станува збор за исклучително важно прашање и дека кремот треба да го нанесувате правилно, во спротивно нема да го остварува своето дејство.

Кожата околу очите е убедливо најтенка. Затоа е мошне осетлива и селосно деликатна. Тоа значи дека брзо ја губи влагата за разлика од преостанатите делови на кожата и прва ги покажува знаците на стареење.

Земајќи предвид колку е специфична, сосема е јасно дека овој дел на кожата не можете да го негувате со каков било хидратантен крем.

Кремовите што се користат за остатокот на лицето не се поволни за подрачјето околу очите“, предупредува  д-р Каролина Робинсон, дерматолог од Чикаго.

Како да знам кој производ за нега на кожата околу очите е добар?

Добриот крем за отстранување на малите брчки околу очите содржи ретинол или пептиди. И двете состојки, а посебно ретинолот, се одлични за „пеглање“на брчките.

Како правилно да го нанесам кремот во подрачјето околу очите?

Најдобро е да го нанесете со прстите, претходно добро измиени. Измијте го лицето и исчистете го од остатоците од шминката, бидејќи на тој начин овозможувате активните состојки од кремот да навлезат во кожата околу очите. Истиснете го кремот на дланката, па брцнете го прстот во него и направете полукруг од точкички околу очите (види на фотографијата во продолжение!)

Се препорачува употребана прстот на кој се носи венчалниот прстен.

Со него ќе постигнете понежен притисок врз кожата, што е пожелно.

Никогаш немојте да го втривате кремот во областа околу очите, затоа што така можете само да ги продлабочите постојните брчки.

Избегнувајте употреба на приборот за апликација што го содржат пакувањата на некои производи затоа што е груб и може да ја повреди деликатната кожа околу очите.

 

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.