Денес е Божиќ – највеселиот христијански празник, а ова се најубавите обичаи што се празнуваат на овој ден

Радувајте се!

Бадник и Божиќ изобилуваат со обичаи, а ние ви ги претставуваме оние што носат најголема радост на овој ден.

Некои го нарекуваат Положајник, некој Полажајник, во секој случај тоа е првиот маж што ќе влезе во вашиот дом на Божиќ. Всушност, голем број домаќини се договараат со роднините или со момченцата од соседството да им дојдат први во божиќното утро. Бидејќи постои верување дека годината нема да биде добра ако првата личност што ќе влезе во вашиот дом не е од машки пол.

Положајникот преминува преку куќниот праг со десната нога, им го честита празникот на домаќините, им посакува благосостојба и добива дарови заради тоа.

Божиќен поздрав

Бидејќи на Божиќ, всушност, се слави Христовото раѓање, исто така вообичаено е да се применува поздравот:

– Христос се роди!

Вообичаеното отпоздравување гласи:

– Вистина се роди!

Божиќен ручек – натпревар за паричето во погачата

Повеќето обичаи што ги применуваме заБожиќ се однесуваат на божиќната трпеза. Тоа е пригода во која семејството се собира дома, а неретко ги угостуваме и пријателите, иако обичаите налагаат Божиќ да се слави искучиво дома.

Што ќе се најде на божиќната трпеза зависи од одлуката на домаќините, но без еднонешто не се може – божиќната погача.

Значи, се вели дека Божиќ не може да се празнува без месо, притоа, месото не смее да биде од живина поради верувањето дека тоа ќе го забави напредокот на семејството.

Божиќната погача, која се приготува спроти Божиќ, содржи златник или паричка. Некои ја кршат предходната вечер, на Бадник, а некои за време на божиќното утро, која положајникот доаѓа во домот. На оној на кој ќе му се падне парче со паричката – тој ќе има среќа цела година. Всушност, натпреварувањето на паричката од погачата е еден од најубавите христијански обичаи во кој ужива целото семејство.

Покрај погачата, на божиќната трпеза е неопходна и пита со ореви, слична на баклава, која се приготвува спроти Божиќ.

Мир Божји, Христос се роди, драги читатели! За многу години нека ни е празникот!

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.