Џеј Ло ја откри својата едноставна рутина за нега на кожата во времетраење од 5 минути: Сите треба да ја испробаат!

Тајната на нејзиниот сјаен изглед

Фото: Getty Images

Ако сте еден од оние ентузијасти за нега на кожата, исто како нас, и сакате да ѕирнете во туѓа бања за да видите кои производи ги користи друга личност, тогаш ќе уживате во утринската рутина на 51-годишната пејачка.

Џенифер Лопез пред неколку месеци ја лансираше својата линија за нега на кожата, за која тврди дека е одговорна, меѓу другото, и за нејзината сјајна кожа и младешкиот изглед. Иако на почетокот може да изгледа како вистински напор да се постигне таква кожа, нејзината рутина е всушност многу едноставна и се состои од само неколку производи и 5 минути. Таа се заснова на чистење и фактор за заштита на лицето што треба да биде минимум за секоја личност кога станува збор за нега на кожата.

Секое утро го започнува со чистење на лицето за да ги отстрани сите масла и нечистотија од лицето, а по првото средство за чистење оди второто за целосно да го подготви лицето за остатокот од рутината и денот. Откако лицето е целосно исчистено, го нанесува својот најпознат производ богат со антиоксиданси – серум за сјај кој нежно се масира во целото лице, крем за очи, и на крај заштитен фактор за лицето што никогаш не прескокнува. Покрај надворешната нега, Џеј Ло секое утро консумира суплементи кои ѝ даваат бројни придобивки за кожата.

Прочитајте и: Состојка која ги полуде сите обожаватели на нега за кожа

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.